Млад пар вдомил теле како милениче: „Спие во гаражата, но преку ден е дома со нас“

За повеќето, чувањето миленик значи грижа за мачка, куче или, пак, хрчак или риби. Но, млад пар во својот дом чува теле. Кога го нашле, телето било прегладнето и речиси мртво, па сфатиле дека единствениот начин да го спасат е да го згрижат во нивниот дом.

dechko-i-devojka-posvoile-tele-kako-nivno-mileniche-nokjite-gi-prespiva-vo-garazhata-no-preku-den-znae-da-bide-doma-na-kauchot-01.jpg

Мина Алали (26) и нејзиното момче, Алекс Сарацено (25), посвоиле теле на кое му овозможиле „разгален“ живот, со голема градина низ која може да трча, а и го опкружиле со многу играчки.

Телето, кое го нарекле Му, ноќите ги преспива во гаражата, но во текот на денот може да биде внатре, па дури и да си лежи на каучот.

Мина, која исто така има и милениче свиња по име Мерлин, кога го посвоила Му одлучила дека ќе се грижи за него сè додека не стане премногу голем за нивниот дом.

„Му беше одземен од мајка му кога беше стар четири дена“ – споделува Мина.

dechko-i-devojka-posvoile-tele-kako-nivno-mileniche-nokjite-gi-prespiva-vo-garazhata-no-preku-den-znae-da-bide-doma-na-kauchot-02.jpg

„Кога првпат го видовме, сестрата на мојот дечко помисли дека е умрен, бидејќи изгледаше безживотно“ – додава таа.

Според раскажувањето на Мина, носењето на Му дома им било неверојатно искуство и дека тие биле многу возбудени кога го гледале како расте. Таа му обезбедила сено, храна, ограда…

Откако го посвоиле, по одреден период почнал да изгледа поздраво, да се здебелува и да си игра во дворот.

„Тој апсолутно го сака Алекс, а јас сум малку љубоморна“ – вели Мина.

dechko-i-devojka-posvoile-tele-kako-nivno-mileniche-nokjite-gi-prespiva-vo-garazhata-no-preku-den-znae-da-bide-doma-na-kauchot-03.jpg

За Мина, посвојувањето на необични животни не е невообичаено, затоа што во 2023 година го посвоила Мерлин, но по доаѓањето на Му се соочувала со предизвик да ги „спријатели“ овие две животни.

„Мерлин може да биде многу драматичен и секогаш кога Му ќе му се приближи, само почнува да вреска“, открива таа.

dechko-i-devojka-posvoile-tele-kako-nivno-mileniche-nokjite-gi-prespiva-vo-garazhata-no-preku-den-znae-da-bide-doma-na-kauchot-04.jpg

Мина додава и дека Му е многу поврзан со нив, што дури мисли дека тие се дел од неговото стадо. Му сакал да си игра во градината, а кога тие ќе влезат внатре, тој испуштал звуци на задната врата, додека не го пуштат да влезе внатре.

Сè додека не бил посвоен, Му никогаш не бил посетен од ветеринар, ниту пак имал примено некоја вакцина.

mlad-par-chuva-tele-kako-mileniche-spie-vo-garazhata-no-preku-den-e-doma-so-nas-04.jpg

Тогаш Мина и нејзиниот дечко Алекс собирале средства со цел да ги покријат медицинските трошоци потребни за детална проверка на Му.

Но, бидејќи Му е големо животно и брзо почнал да расте, неодамна Алекс и Мина го однеле на фарма со други крави. Овде Му е безбеден и добро згрижен, а парот редовно го посетува.

mlad-par-chuva-tele-kako-mileniche-spie-vo-garazhata-no-preku-den-e-doma-so-nas-02.jpg

М. Ѓ | Црнобело / фото: Инстаграм

Би можело да ве интересира:

„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
Дечко од Канада бил несреќен на работа, си дал отказ и почнал да патува низ светот - денес е милионе... Кристијан Лебланк од Канада вели дека одлучил да ја напушти канцелариската работ...
Вдовицата на Хефнер: „Од лошата хигиена во палатата добив болести, на Хју му беше здодеано од секс“ По 8 години живот во Плејбој палатата Кристал добила лајмска болест, а било утвр...
Добри уметници, но лоши родители - Славни личности кои не разговараат со своите деца 50 Cent го споредил својот син со змија. Религијата во која членува Том Круз не ...
Бараше да му биде извршена евтаназија, но почина мирно во својот дом – Светот се простува од Ален Де... Неговите деца цела година водеа жестока битка за тоа како треба да се лекува акт...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg