Кети Пери со рогови, Лорен Санчез ги покажа облините во фустан од кристали - Како Џеф Безос го прослави 60-тиот роденден?

Како ќе се облечете ако имате можност да одите на роденденската забава на еден од најбогатите луѓе на светот? Очигледно, некои одлучија малку да претераат, како Кети Пери која носеше силиконски рогови на главата, а други да рециклираат, како Парис Хилтон, која облече венчаница.

keti-peri-so-rogovi-loren-sanchez-gi-pokazha-atributite-vo-fustan-od-kristali-kako-djef-bezos-go-proslavi-60-tiot-rodenden-01.jpg

Џеф Безос годинава на 12-ти јануари, го прослави својот 60-ти роденден, а по тој повод неговата свршеница Лорен Санчез организира мегаломанска забава на која присуствуваа голем број познати личности.

Од Бил Гејтс, до Џеј Зи и Бијонсе, до Кети Пери и Орландо Блум, Хајди Клум, Парис и Ники Хилтон... На забавата, која се одржа во домот на Џеф Безос во Беверли Хилс, се собраа голем број познати личности, а темата на забавата беше „доба на вселената“ во чест компанијата за патувања на вселената на Безос, Blue Origin.

Лорен Санчез ги покажа сите свои облини во црвен фустан со Swarovski кристали кои биле рачно сошиени, а за негова изработка биле потрошени повеќе од 800 часа.

За да биде во согласност со темата на забавата, Лорен носеше чанта во форма на ракета, која наводно чини околу 5.000 долари.

keti-peri-so-rogovi-loren-sanchez-gi-pokazha-atributite-vo-fustan-od-kristali-kako-djef-bezos-go-proslavi-60-tiot-rodenden-02.jpg

Инаку, гостите пред да влезат на забавата, на влезот ги оставале своите мобилни телефони, со цел да нема протекување на видеа, но дел од нив претходно објавија фотки со кои покажаа како се дотерале за забавата.

Парис Хилтон на забавата облече една од венчаниците што ги носеше на нејзината свадба со Картер Реум, а беше модно усогласена со сестра ѝ Ники, која се појави во сребрен фустан со тијара на главата.

Кети Пери очигледно премногу сериозно ја сфатила темата, па на забавата се појави облечена како вонземјанец, со рогови како полжав и зашилени уши.

keti-peri-so-rogovi-loren-sanchez-gi-pokazha-atributite-vo-fustan-od-kristali-kako-djef-bezos-go-proslavi-60-tiot-rodenden-03.jpg

Иванка Трамп се појави во винтиџ фустан на Roberto Cavallli.

Погледнете повеќе фотографии во галеријата:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Парис Хилтон сподели први фотки од 5-месечната ќерка Лондон: „Го ценам секој миг со неа“ „Сонував да имам ќерка која ќе се вика Лондон уште откако знам за себе“ – Парис ...
Аријана Гранде како замотана во јорган – Најдобро и најлошо облечени ѕвезди на Оскари 2024 (фото) Марго Роби ги замени розовите „Барби“ тоалети за црн провокативен фустан, а Ариј...
Малума објави видео на кое ја бричи главата на 4-месечната ќерка: „Ти си лош родител“ „Можеби си добар музичар, но ти си лош родител“ – му порачаа дел од следбениците...
Вирална фотка од Орландо Блум како зјапа во задникот на Ким Кардашијан – свршеницата стои до него, н... На вирална фотка од гала свеченост, се гледа како Орландо Блум зјапа во задникот...
Остана без работа поради користењето дрога, не ѝ дозволувале да јаде: Тажни детали од животот на Кеј... По бурната врска со Џони Деп, за да го преболи, Кејт Мос се вплетка во љубовен т...
14 најубави парови кои издоминираа на Оскари 2024 и забавата по доделувањето (фото) Марго Роби во тоалета како песочен часовник, со природна фризура и шминка позира...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg