Кортни Кардашијан остана бремена 10 месеци откако се откажа од ин-витро - на Тревис му соопшти со транспарент на концерт
- Детали
- сабота, 17 јуни 2023
„Тревис, бремена сум“, напиша Кортни Кардашијан на транспарент и на концерт му соопшти на сопругот дека по долга борба со неплодноста, конечно останала бремена.
Ријалити ѕвездата Кортни Кардашијан го чека првото бебе со сопругот Тревис Баркер, тапанар во бендот Blink 182. Таа остана бремена 10 месеци откако во септември 2022 јавно кажа дека се откажува од ин-витро.
Кортни му соопшти на Тревис дека ќе стане татко со транспарент, додека стоеше во публика на концерт на бендот.
„Тревис, бремена сум“, пишува на транспарентот што го држи во рацете.
Откако прочита, Тревис се симна во публика и почна да ја гушка и бакнува.
Таа го објави видеото на својот Инстаграм.
Кортни и Тревис долго време сакаа да добијат дете, па пробаа различни методи, вклучувајќи и ин-витро, но и алтернативни методи.
Кортни отворено зборуваше за борбата со неплодноста, па кажа дека разните третмани ја довеле и до депресија и промена на расположението, поради што таа решила да го прекине ин-витрото.
Ова ќе биде прво заедничко дете на Кортни и Тревис. Таа веќе има три деца од врската со Скот Дисик, а Тревис има две деца од претходниот брак со Шана Моаклер.
Погледнете го видеото:
Прочитајте и Вагинална пареа, пиење семена течност – Кортни и Тревис со „бизарни“ методи за забременување, по неуспешното ин-витро (фото)
А. Ј. | Црнобело