Жизел Бундшен за паничните напади: „Се откажав од семејството и живеев на брза храна – откако го променив животот се смирија“

„Најлошата работа за паничните напади е интензивниот страв дека ќе имате уште еден. Сакав да се чувствувам подобро, но не знаев што да направам“ – моделот Жизел Бундшен отворено раскажува како морала целосно да го промени начинот на живот за да се спаси од депресијата.

zhizel-bundshen-otvoreno-za-panichnite-napadi-ja-promeniv-ishranata-i-prestanaa-01_copy.jpg

Поранешниот модел на Victoria’s Secret, Жизел Бундшен (44) деновиве е актуелна затоа што промовира нова книга со рецепти, а во рамки на промоцијата зборуваше и за паничните напади со коишто почнала да се соочува кога имала 20 години.

Таа вели дека не била ниту свесна за влијанието што нејзиниот начин на живот би можел да го има врз нејзиното ментално здравје и колку голема улога има токму храната.

„Страдав од силна депресија и од панични напади во 20-тите години од животот“ – рече моделот, која морала на 14 години да го напушти семејството и да ја започне својата кариера.

zhizel-bundshen-otvoreno-za-panichnite-napadi-ja-promeniv-ishranata-i-prestanaa-03.jpg

Но, вели дека тоа што си заминала од домот во Бразил, воопшто не ѝ било проблем.

„Всушност бев пресреќна, се чувствував независно.

Се откажав од семејството на 14 години и живеев во Јапонија, а на 15 години се преселив во Њујорк.

Но, мислев дека мојот живот е совршен... Бев благодарна што имам работа и што патувам низ светот“ – вели таа и додава дека кога наполнила 20 години тогаш почнале проблемите со силните панични напади.

zhizel-bundshen-otvoreno-za-panichnite-napadi-ja-promeniv-ishranata-i-prestanaa-013.jpg

Бундшен отворено зборува за тешкиот период во нејзиниот живот и за тоа како се чувствувала во моментите кога имала напади.

„Најлошата работа за паничните напади е интензивниот страв дека ќе имате уште еден. Сакав да се чувствувам подобро, но не знаев што да направам, па го пронајдов мојот нутриционист, кој ми нагласи:

‘Жизел мора да го промениме твојот начин на исхрана.’

Во тој миг си мислев: ‘Каква поврзаност има мојата диета со паничните напади?’, на што тој ми одговори: ‘Слушај, ти не спиеш. Постојано си во различни часовни зони. Твојата исхрана е ужас’“ – појаснува Жизел.

zhizel-bundshen-otvoreno-za-panichnite-napadi-ja-promeniv-ishranata-i-prestanaa-05.jpg

Манекенката вели дека во тој период се хранела само со брза храна, како пржени компирчиња, чоколада, колачиња.

По ова нутриционистот ја ставил на режим кој вклучувал спиење од 8 часа секој ден, редовни вежби и здрава исхрана.

„Откако ги поминав најтешките 18 месеци во мојот живот, сѐ се промени.

Станав друга личност.

Почнав да медитирам, да вежбам јога и правилно дишење.

Поминав долг пат, но ние сме суштества кои креираат навики.

Ако правиме нешто секој ден, почнува да ни станува нормално, па затоа не се откажував“ – раскажува Жизел.

zhizel-bundshen-otvoreno-za-panichnite-napadi-ja-promeniv-ishranata-i-prestanaa-06.jpg

Таа сега, од временска дистанца тврди дека не била ниту свесна дека нејзината исхрана можела да влијае врз нејзиното ментално здравје, но дека сега верува во тоа, откако имала можност да го почувствува на сопственото тело.

zhizel-bundshen-otvoreno-za-panichnite-napadi-ja-promeniv-ishranata-i-prestanaa-07.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
5 славни жени тврдат дека се посреќни кога се сингл: „Не ми треба маж кој ќе се однесува како дете“ „Решив веќе да не одам на љубовни состаноци, зашто долго време не чувствував иск...
Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...
Плејбој модел за Леонардо ди Каприо: „Става слушалки на уши за време на секс, стар е и чуден“ „За време на сексот си ставил слушалки за да не ги слуша девојките. Лео е премно...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
Тврди дека 9 години немал секс, се чува за вистинската – Помалку познати факти за Лени Кравиц Потекнува од семејство на познати родители, но на почетокот на кариерата морал д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg