Ева Мендез се откажа од кариерата за да биде домаќинка: „Среќна сум што имам можност да бидам со децата“

„Не глумев затоа што глумењето те оддалечува од домот“ – Ева Мендез открива зошто на врвот на својата холивудска кариера одлучи да се откаже од филмовите и наместо тоа да стане посветена мајка и домаќинка, која го поддржува својот славен сопруг Рајан Гослинг.

eva-mendez-se-otkazha-od-karierata-za-da-bide-domakjinka-srekjna-sum-shto-imam-mozhnost-da-bidam-so-decata-01.jpg

Ева Мендез, пред да го започне заедничкиот живот со актерот Рајан Гослинг, имаше блескава холивудска кариера, но во последните 10 години таа нема играно во ниту еден филм, а нејзин главен приоритет се ќерките Есмералда (9) и Амада (7).

eva-mendez-se-otkazha-od-karierata-za-da-bide-domakjinka-srekjna-sum-shto-imam-mozhnost-da-bidam-so-decata-06.jpg

Освен што не игра во филмови, Ева не се појавува ниту на црвениот тепих заедно со својот сопруг, па така таа не присуствуваше ниту годинава на доделувањето на Оскарите, а по неговата изведба на сцената, таа на Инстаграм се пошегува и му упати порака:

„Изгледаш како Кен на Оскарите, Рајан Гослинг. Сега дојди си дома, треба да ги легнеме децата да спијат“.

eva-mendez-se-otkazha-od-karierata-za-da-bide-domakjinka-srekjna-sum-shto-imam-mozhnost-da-bidam-so-decata-02.jpg

Многумина беа разочарани што една од најубавите жени во Холивуд одлучи да се повлече од јавноста, но таа вели дека е пресреќна што е домаќинка и што не работи.

eva-mendez-se-otkazha-od-karierata-za-da-bide-domakjinka-srekjna-sum-shto-imam-mozhnost-da-bidam-so-decata-09.jpg

Ева гостуваше во Today Show, каде освен на други теми, зборуваше и за тоа како од холивудска мегаѕвезда станала домаќинка и мајка.

„Тоа беше како невербален договор и како да си реков: ‘Во ред, тој ќе работи и јас ќе работам. Само јас ќе работам дома’“ – вели актерката.

eva-mendez-se-otkazha-od-karierata-za-da-bide-domakjinka-srekjna-sum-shto-imam-mozhnost-da-bidam-so-decata-10.jpg

На прашањето како се чувствува заради тоа што има можност да седи дома со децата додека нејзиниот сопруг работи, таа само вели: „Среќна сум“.

eva-mendez-se-otkazha-od-karierata-za-da-bide-domakjinka-srekjna-sum-shto-imam-mozhnost-da-bidam-so-decata-11.jpg

Ева открива дека иако 10 години не се појавила на филмското платно, тоа не значи дека немала кариера, но се воздржувала од снимањето филмови.

„Сѐ уште работев, но не глумев затоа што глумењето и снимањето на различни локации те оддалечува од домот“ – сподели таа.

eva-mendez-se-otkazha-od-karierata-za-da-bide-domakjinka-srekjna-sum-shto-imam-mozhnost-da-bidam-so-decata-07.jpg

За потсетување, Ева и Рајан се запознаа во 2012-та година кога заедно работеа на филмот The Place Beyond the Pines, а Ева вели дека Рајан е целосно посветен на својата работа.

eva-mendez-se-otkazha-od-karierata-za-da-bide-domakjinka-srekjna-sum-shto-imam-mozhnost-da-bidam-so-decata-04.jpg

За неговиот настап на Оскарите, Ева накратко вели:

„Тој отиде и си ја заврши својата работа. Тој е многу добар во тоа што го работи, го заврши и си дојде дома. Затоа што тоа е најважно. Одиш, си ја завршуваш работата најдобро што можеш и си доаѓаш дома“.

eva-mendez-se-otkazha-od-karierata-za-da-bide-domakjinka-srekjna-sum-shto-imam-mozhnost-da-bidam-so-decata-08.jpg

За љубовната приказна на Ева и Рајан, прочитајте повеќе ТУКА.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Шенон Доерти се подготвува за смртта: „Ги продавам сите материјални работи“ „Сега приоритет ми е мајка ми. Знам дека ќе ѝ биде тешко кога ќе умрам пред неа,...
5 славни жени тврдат дека се посреќни кога се сингл: „Не ми треба маж кој ќе се однесува како дете“ „Решив веќе да не одам на љубовни состаноци, зашто долго време не чувствував иск...
Учел во одделение за деца со посебни потреби, носел ножеви во училиште - Факти за Рајан Гослинг Кога имал 10 години во училиште отишол со ножеви, затоа што сакал да биде Рамбо,...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg