Ева Мендез ја жртвуваше кариерата за да му се посвети на семејството – што знаеме за нeјзината врска со Рајан Гослинг?
- Детали
- сабота, 18 јуни 2022
„Јас танцував и свирев пијано, а мојата сопруга беше дома бремена и се грижеше за нашата ќерка и му помагаше на братот кој боледуваше од рак“ – со овие зборови Рајан Гослинг ѝ се заблагодари на партнерката Ева Мендез. Што знаеме за најмистериозниот пар во Холивуд?
Додека некои славни ѕвезди сакаат сите да знаат за случувањата во нивниот приватен живот, Ева Мендез и Рајан Гослинг одат во екстремни крајности за да ја сочуваат својата приватност. На црвен тепих се појавиле заедно само еднаш, а дури не сакаат ниту да зборуваат еден за друг.
Парот е заедно повеќе од 10 години, заедно имаат две деца, а познато е дека Ева Мендез ја жртвуваше сосптвената кариера за да остане посветена на домот и семејството.
Познати се како најмистериозниот пар во Холивуд, а што знаеме за нивната врска:
Ева (48) е 7 години постара од Рајан (41), а никој не знае точно кога започнала нивната врска. Двајцата потврдија дека се познавале уште пред заедно да се појават на филмското платно.
Тие двајца во 2011-та година заедно работеа на филмот The Place Beyond the Pines, а режисерот Дерек Сианфранс рече дека препораката за да ја покани Ева да игра во филмот ја добил од Рајан, кој го убедил да ја види.
Гласините дека Ева и Рајан се заедно почнаа во октомври 2011-та година, кога двајцата за првпат беа забележани заедно во Дизниленд, а еден месец подоцна папараците успеаја да ги уловат како се бакнуваат во автомобилот.
Прв и единствен пат кога Ева и Рајан се појавија заедно на црвениот тепих е за време на промоција на филмот The Place Beyond the Pines на Интернационалниот филмски фестивал во Торонто во 2012-та година.
Ева откри дека и двајцата се труделе да изгледаат мошне професионално, па цела вечер се борела да ги скрие сопствените емоции.