Ева Мендез ја жртвуваше кариерата за да му се посвети на семејството – што знаеме за нeјзината врска со Рајан Гослинг?

Во 2014-та година беше потврдено дека станале родители и ја добиле ќерката Есмералда Амада (8). Рајан најчесто ги избегнува прашањата што му ги поставуваат поврзани со неговата партнерка, но во 2015-та година за време на интервју рече:

„Знам дека сум со личнопста со која што треба да бидам. Таа е Ева Мендез и тоа ми е доволно.“

kako-eva-mendez-ja-zhrtvuvashe-karierata-za-da-mu-se-posveti-na-semejstvoto-shto-znaeme-za-nejzinata-vrska-so-rajan-gosling-13.jpg

Во 2016-та година Ева и Рајан ја добија втората ќерка Амада Ли (6) која се роди само две недели откако актерката го загуби братот кој почина од канцер. На доделувањето на наградите Golden Globe во 2017-та година, каде Рајан ја доби наградата за најдобар актер за улогата во филмот La La Land, тој имаше емотивен говор:

„Додека јас пеев, танцував и свирев на пијано и го имав најубавото искуство за време на снимањето на филмот, мојата партнерка се грижеше за нашата ќерка, додека беше бремена со нашето второ дете и се грижеше за братот кој боледуваше од рак. Да не беша таа оваа награда сигурно ќе му припаднеше на некој друг. Затоа, душо, ти благодарам...“

На Рајан не му пречи тоа што живее во семејство во кое преовладуваат жени:

„Јас сум во рајот. Како да чекорам низ поле со цвеќиња секој ден. Живеам со ангели.“

kako-eva-mendez-ja-zhrtvuvashe-karierata-za-da-mu-se-posveti-na-semejstvoto-shto-znaeme-za-nejzinata-vrska-so-rajan-gosling-04.jpg

Засега долго време се шпекулира дали парот тајно стапил во брак или не. Официјална потврда од нив нема, а Ева во една прилика рече дека не може да се препознае себеси по врската со Рајан.

Како што вели, пред да го запознае Рајан воопшто не ни помислувала на семејство, а откако се вљубила во него посакувала да ги има само неговите деца.

kako-eva-mendez-ja-zhrtvuvashe-karierata-za-da-mu-se-posveti-na-semejstvoto-shto-znaeme-za-nejzinata-vrska-so-rajan-gosling-05.jpg

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

„Мислам дека не ја сакав кога се роди“ - Бредли Купер искрен за ќерка му Леа „Бев фасциниран од ќерка ми, сакав да се грижам за неа, но не ги разбирав другит...
Учел во одделение за деца со посебни потреби, носел ножеви во училиште - Факти за Рајан Гослинг Кога имал 10 години во училиште отишол со ножеви, затоа што сакал да биде Рамбо,...
Љубовни триаголници: Како пријателите во Холивуд си ги „крадат“ партнерите? По разводот со Том Круз, Кејти Холмс почна врска со Џејми Фокс кој му беше добар...
Ева Мендез се откажа од кариерата за да биде домаќинка: „Среќна сум што имам можност да бидам со дец... „Не глумев затоа што глумењето те оддалечува од домот“ – Ева Мендез открива зошт...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
Криси Тајген по гаќи, Ева Мендез со нов филер на усните – Славните на Олимписки игри 2024 (фото) Том Круз сам следеше неколку натпревари, додека Ева Мендез и Рајан Гослинг беа с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg