Кортни и Тревис се откажуваат од ин-витро – ќе продолжат со „бизарни“ алтернативни методи за забременување

„Тешко е да апстинираш од секс, но се надеваме дека ќе го добиеме тоа што го посакуваме“ – вели Кортни Кардашијан. Таа открива дека заедно со сопругот Тревис Баркер одлучиле целосно да се откажат од ин-витро оплодување и да се обидат само со алтернативни методи.

kortni-i-trevis-se-otkazhuvaat-od-in-vitroto-kje-prodolzhime-so-alternativnite-metodi-so-vaginalna-parea-i-apstiniranje-od-seks-01.jpg

Најстарата од сестрите Кардашијан, Кортни (43) пред извесен период отворено зборуваше за својата борба со неплодноста и за методите што таа и нејзиниот сопруг Тревис Баркер (46) ги применуваат за да станат родители.

kortni-i-trevis-se-otkazhuvaat-od-in-vitroto-kje-prodolzhime-so-alternativnite-metodi-so-vaginalna-parea-i-apstiniranje-od-seks-02.jpg

Сега, ријалити ѕвездата даде поголемо интервју за Wall Street Journal каде кажа дека одлучиле да престанат со постапката за ин-витро оплодување и наместо тоа вовела забрана за секс.

„Почнавме постапка за ин-витро оплодување, но се откажав. Притисокот беше преголем. Ми требаше да се одморам и да се сконцентрирам само на организација на свадбата и да се омажам“- рече таа.

kortni-i-trevis-se-otkazhuvaat-od-in-vitroto-kje-prodolzhime-so-alternativnite-metodi-so-vaginalna-parea-i-apstiniranje-od-seks-03.jpg

Во мај годинава, Кортни и Тревис беа во фокусот на вниманието кога во една од епизодите на реалното шоу The Kardashians покажаа дека одлучиле да се обидат со ајурведско „Панчакарма“ прочистување со цел да ги зголемат можностите за добивање здрав ембрион.

kortni-i-trevis-se-otkazhuvaat-od-in-vitroto-kje-prodolzhime-so-alternativnite-metodi-so-vaginalna-parea-i-apstiniranje-od-seks-04.jpg

Кортни тогаш покажа како изгледа процесот на т.н. „јони-пареа“ или вагинална пареа, за време на кој седеше гола врз сад во кој има врела вода со билки, а според повеќе медицински лица овој третман може да биде опасен и да нанесе поголема штета, особено доколку жената е веќе бремена.

kortni-i-trevis-se-otkazhuvaat-od-in-vitroto-kje-prodolzhime-so-alternativnite-metodi-so-vaginalna-parea-i-apstiniranje-od-seks-07.jpg

Сега, Кортни вели дека со Тревис одлучиле годинава повторно да се обидат со вакво прочистување.

„Можеби веќе сте го виделе во нашето реално шоу. Тоа подразбира апстинирање од повеќе работи: нема секс, нема кафе, нема алкохол, нема шеќери.

Мора да држите чиста, стриктна диета и тоа трае околу пет дена.

Целта е да го ресетирате телото. Го правите сето тоа за да ги прочистите токсините од вашите ткива. Потоа одите во спа-центарот и имате секојдневни 4-часовни третмани“ – појаснува Кортни.

kortni-i-trevis-se-otkazhuvaat-od-in-vitroto-kje-prodolzhime-so-alternativnite-metodi-so-vaginalna-parea-i-apstiniranje-od-seks-06.jpg

На прашањето дали ѝ паѓа тешко да апстинира од секс, Кортни вели:

„Да, тешко е. Но, затоа резултатите од друга страна – можеби ќе го добијам тоа што го посакувам, нели?“

kortni-i-trevis-se-otkazhuvaat-od-in-vitroto-kje-prodolzhime-so-alternativnite-metodi-so-vaginalna-parea-i-apstiniranje-od-seks-08.jpg

Инаку, за потсетување Кортни веќе има 3 деца од врската со Скот Дисик, а Тревис има две деца од претходниот брак со Шана Моаклер.

kortni-i-trevis-se-otkazhuvaat-od-in-vitroto-kje-prodolzhime-so-alternativnite-metodi-so-vaginalna-parea-i-apstiniranje-od-seks-09.jpg

Прочитајте и Вагинална пареа, пиење семена течност – Кортни и Тревис со „бизарни“ методи за забременување, по неуспешното ин-витро (фото)

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...
Плејбој модел за Леонардо ди Каприо: „Става слушалки на уши за време на секс, стар е и чуден“ „За време на сексот си ставил слушалки за да не ги слуша девојките. Лео е премно...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
Се избори за ќерката да биде скромна девојка, 12 години ѝ беше и мајка и татко – Како Кејти Холмс до... Во изминативе 12 години додека Том Круз никогаш не ја спомнал ќерката Сури, на К...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg