Тетоважата од главата на Тревис извезена на велот на Кортни – фотки од гламурозната свадба на парот во Италија (фото)

Секси мини венчаница, огромен вел на кој е извезен ликот на Богородица, пресликан од тетоважата на Тревис - Кортни и нејзиниот сакан третпат го кажаа судбоносното да, овојпат на гламурозната свадба на тврдина во Италија што ја најавуваа уште од мигот кога се верија.

dolg-vel-so-vez-od-bogorodica-mini-venchanica-koja-ne-pokriva-nishto-kortni-i-trevis-se-venchaa-tretpat-so-glamurozna-svadba-vo-italija-foto-001.jpg

По „лажната“ венчавка во Лас Вегас и официјалната приватна церемонија во Санта Барбара, Кортни Кардашијан и Тревис Баркер конечно направија и свадба, и тоа на тврдина во италијанско рибарско село.

43-годишната Кортни и 46-годишниот Тревис третпат го кажаа судбоносното „да“ на прослава на тврдина во селото Портофино, а свадбата беше ништо помалку од спектакуларна.

mini-fustan-so-korset-namesto-venchanica-raskoshni-dekoracii-kortni-i-trevis-se-venchaa-po-tretpat-so-glamurozna-svadba-vo-italija-foto-14.jpg

mini-fustan-so-korset-namesto-venchanica-raskoshni-dekoracii-kortni-i-trevis-se-venchaa-po-tretpat-so-glamurozna-svadba-vo-italija-foto10.jpg

Наместо класична венчаница, на големиот ден Кортни носеше кратко бело фустанче со корсет и долг вел украсен со везови од цветови.

Највпечатливиот детаљ на велот беше огромниот вез инспириран од тетоважа што Тревис си ја направил на главата - ликот на Богородица.

mini-fustan-so-korset-namesto-venchanica-raskoshni-dekoracii-kortni-i-trevis-se-venchaa-po-tretpat-so-glamurozna-svadba-vo-italija-foto-15.jpg

dolg-vel-so-vez-od-bogorodica-mini-venchanica-koja-ne-pokriva-nishto-kortni-i-trevis-se-venchaa-tretpat-so-glamurozna-svadba-vo-italija-foto.jpg

Велот е толку долг, што додека Кортни се движеше кон олтарот, двајца асистенти мораа да го држат зад неа.

Потоа, за забавата, Кортни го замени долгиот вел со многу пократок.

mini-fustan-so-korset-namesto-venchanica-raskoshni-dekoracii-kortni-i-trevis-se-venchaa-po-tretpat-so-glamurozna-svadba-vo-italija-foto-07.jpg

mini-fustan-so-korset-namesto-venchanica-raskoshni-dekoracii-kortni-i-trevis-se-venchaa-po-tretpat-so-glamurozna-svadba-vo-italija-foto-08.jpg

Венчаницата и велот се од модниот бренд Dolce and Gabbana и наводно скоро сите од семејството на Кортни носеле креации од популарната модна куќа.

Тревис, пак, одбрал „пообична“ комбинација – црн костум и кошула.

Кортни сподели неколку фотки од свадбата направени пред златниот олтар украсен со многу рози и свеќи.

Тревис од друга страна беше поскромен со објавите и сподели само една фотографија од свадбата – моментот кога ја бакнува Кортни пред олтарот.

https://www.instagram.com/travisbarker/

Семејството на Кортни ја искористи можноста да заблеска на нејзината свадба, па сите беа во најдобро издание.

Мајка ѝ Крис Џенер носеше долго розов фустан со широки ракави, украсен со пердуви во комбинација со дијамантски обетки.

mini-fustan-so-korset-namesto-venchanica-raskoshni-dekoracii-kortni-i-trevis-se-venchaa-po-tretpat-so-glamurozna-svadba-vo-italija-foto-02.jpg

Ким Кардашијан изгледаше одлично со долгиот тесен фустан со тантела во комбинација со раскошен ѓердан со зелени скапоцени камења.

Ќерка ѝ Норт исто беше во црно од глава до пети, со фармерки и долга наметка, во комбинација со дијамантски ѓердан и многу прстени.

mini-fustan-so-korset-namesto-venchanica-raskoshni-dekoracii-kortni-i-trevis-se-venchaa-po-tretpat-so-glamurozna-svadba-vo-italija-foto-03.jpg

mini-fustan-so-korset-namesto-venchanica-raskoshni-dekoracii-kortni-i-trevis-se-venchaa-po-tretpat-so-glamurozna-svadba-vo-italija-foto-04.jpg

Кајли Џенер одбрала долг тесен фустан украсен со цветови, додека Клои носеше долг фустан од тантела во комбинација со раскошна круна.

mini-fustan-so-korset-namesto-venchanica-raskoshni-dekoracii-kortni-i-trevis-se-venchaa-po-tretpat-so-glamurozna-svadba-vo-italija-foto09.jpg

mini-fustan-so-korset-namesto-venchanica-raskoshni-dekoracii-kortni-i-trevis-se-venchaa-po-tretpat-so-glamurozna-svadba-vo-italija-foto-05.jpg

На свадбата присуствува и Меган Фокс и Машин Ган Кели. Актерката носеше црн фустан со корсет и кожено здолниште, додека музичарот одбрал необичен костум со леопардски принт.

mini-fustan-so-korset-namesto-venchanica-raskoshni-dekoracii-kortni-i-trevis-se-venchaa-po-tretpat-so-glamurozna-svadba-vo-italija-foto-06.jpg

Повеќе фотки од свадбата на Кортни и Тревис:

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Аријана Гранде како замотана во јорган – Најдобро и најлошо облечени ѕвезди на Оскари 2024 (фото) Марго Роби ги замени розовите „Барби“ тоалети за црн провокативен фустан, а Ариј...
Кортни Кардашијан по неуспешните ин-витра и бизарните методи со пиење семена течност: „Само со молит... „Престанав по 1 година обидување (5 неуспешни ин-витра, 3 процедури за вадење ја...
2 години по разделбата со Пике, Шакира не се помирува: „Жртвував толку многу за него“ Шакира најавува нова песна која повторно му е посветена на Пике, а во изјава за ...
„Тоа е лажна Меланија“ - Меланија Трамп со Доналд на гласање во веќе виден фустан и очила за сонце н... „Таа личност што стои до Трамп и носи огромни очила НЕ изгледа како Меланија“, „...
Деми Мур со кучето, Салма Хајек ги истакна облините: Најубавите модни изданија на Кански филмски фес... Ања Тејлор Џој изгледаше беспрекорно во светкавиот долг фустан, додека Салма Хај...
Ќерките на Бред Пит, трансродовата ќерка на Илон Маск – Деца кои се откажаа од презимето на славните... Три од шесте деца на Бред Пит и Анџелина Џоли се откажаа од презимето на татко и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg