Кортни Кардашијан се омажи за Тревис облечена во мини фустан – баба ѝ била старосватица, сестрите не присуствуваа (фото)
- Детали
- понеделник, 16 мај 2022
Пред големата свадба во Италија, Кортни Кардашијан и Тревис Баркер одлучија официјално да стапат во брак во приватна церемонија во Санта Барбара, на која не присуствуваа сестрите на познатата ријалити ѕвезда, ниту децата на парот.
По пробната свадба во Лас Вегас, Кортни Кардашијан (42) и Тревис Баркер (46) и официјално стапија во брак.
Церемонијата се одржа во Санта Барбара, а со младенците биле бабата на Кортни, Мери Џо (Ем Џеј) Кампбел (87), која се движеше со помош на помагало за одење, и таткото на Тревис, Ренди.
Со оглед дека пред матичарот присуствува само овие двајца членови на потесното семејство на парот, се верува дека бабата имала улога на старосватица или сведок.
Откако и официјално стапија во брак, младенците се качија во кабриолет автомобил на којшто имаше натпис „Штотуку венчани“, а имаа и приватна приемна церемонија во ресторан.
На церемонијата пред матичарот не беа присутни членовите на потесното семејство Кардашијан, ги немаше сестрите, ниту мајката на Кортни, Крис Џенер, а исто така отсуствуваа и децата на парот.
Кортни и Тревис планираат голема свадбена церемонија во Италија, каде ќе присуствуваат голем број гости, но очигледно не сакаат да чекаат на совршената свадба за да ги потпишат документите.
Невестата беше облечена во краток бел фустан и бела наметка наместо вел, а Тревис носеше црн смокинг.
Инаку, ова е втора „свадба“ на Кортни и Тревис во период од само неколку месеци. Тие неодамна направија лажна венчавка во Лас Вегас по доделувањето на Grammy наградите, но оваа церемонија беше само „пробна“ затоа што ги немале потребните документи за да стапат во брак.
Прочитајте и Таа едвај стои на нозе, а тој ја држи – Прво видео од Кортни Кардашијан и Травис Баркер по тајната венчавка во Лас Вегас
Погледнете повеќе фотографии од официјалната венчавка во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело