Таа едвај стои на нозе, а тој ја држи – Прво видео од Кортни Кардашијан и Травис Баркер по тајната венчавка во Лас Вегас
- Детали
- среда, 06 април 2022
Доделувањето на Греми наградите е настан што Кортни Кардашијан и Тревис Баркер долго ќе го помнат. По гламурозниот настан, тајно се венчаа, а снимени се како видно под дејство на алкохол се враќаат во хотелот каде престојуваат.
Кортни Кардашијан (42) и Травис Баркер (46) тајно се венчаа во Лас Вегас по доделувањето на Греми наградите.
Парот, наводно, ја искористил шансата затоа што веќе биле во Лас Вегас за церемонијата и одлучиле набрзина да се венчаат.
Пред венчавката Кортни и Тревис се забавувале, уживале во неколку пијачки, а потоа одлучиле да одат во капела и да стапат во брак.
PageSix повикувајќи се на изјава на сопственикот на капелата Марти Фирсон пишува дека наводно парот не сакал да се венча додека не дојде имитатор на Елвис за да ја води венчавката.
Наводно, Кортни и Тревис дошле во капелата со уште четворица други луѓе кои ја снимале венчавката од сите агли со нивните мобилни телефони, а биле облечени во истата облека со која прошетаа на црвениот тепих на доделувањето на Греми наградите.
„Откако се венчаа излегоа на паркингот, го фрлија букетот и си заминаа“ – раскажува Фирсон.
Daily Mаil објави ексклузивно видео направено околу 2.30 часот наутро, по венчавката, на која се гледа дека Кортни е видно под дејство на алкохол, а Тревис ја држи и ѝ помага да се движи.
Видеото погледнете го ТУКА.
Сепак, според информациите во странските медиуми, иако парот направил тајна венчавка, немале претходно добиена дозвола за брак, заради што според американските закони бракот не е легален.
Инаку Тревис ја запроси Кортни во октомври минатата година со огромен дијамантски прстен, на плажа и со голем број рози.
Прочитајте и Бакнежи со јазик, страсни допири: Кортни Кардашијан и Тревис Баркер најскандалозен пар на Греми 2022 (фото)
Б. С. Б. | Црнобело