Најубавите парови на доделувањето на Еми награди 2024 (фото)
- Детали
- вторник, 16 јануари 2024
Кортни Кардашијан и Тревис Баркер споделија страстен бакнеж пред камерите, а Селена Гомез се појави со новиот дечко Бени Бланко – дел од најубавите парови на доделувањето на Еми наградите.
Синоќа (15.01) во Лос Анџелес се одржа еден од најпрестижните настани во светот на шоу-бизнисот – доделувањето на Еми наградите.
Настанот првично требаше да се одржи на 18-ти септември 2023, но беше одложен поради штрајкот во Холивуд.
На 75-тото издание на доделувањето присуствува најголемите ѕвезди во светот – од актери и режисери, до музичари и ријалити ѕвезди.
На црвениот тепих зачекорија и дел од омилените парови на јавноста.
Овде беа Кортни Кардашијан и Тревис Баркер за кои ова беше прво појавување откако добија дете. Во нивен стил, тие споделија страстен бакнеж на црвениот тепих пред камерите.
На настанот се појави и Селена Гомез со нејзиниот нов дечко – Бени Бланко, како и братот на Меколи Калкин – Киран – со неговата сопруга.