Кортни Кардашијан и Тревис Баркер споделија први фотки од синчето Роки
- Детали
- сабота, 23 декември 2023
Околу еден месец откако се породи, Кортни Кардашијан конечно подели фотки со синчето Роки. Извори блиски до парот велат дека со Тревис се пресреќни што овој Божиќ ќе го прослават со нов член на семејството.
Кортни Кардашијан и сопругот Тревис конечно го покажаа нивното синче Роки.
Ријалити ѕвездата сподели неколку фотки на Инстаграм на кои со Тревис позираат со бебето.
На една фотка се гледа и како Кортни го дои.
44-годишната Кортни и 48-годишниот тапанар го добија синчето во ноември годинава.
Иако конечно им се насмевна среќата, двајцата поминаа мошне стресен период.
По неуспешните обиди за асистирано оплодување, Кортни остана бремена. Но, откри дека пред породувањето, на бебето му била направена операција која, за среќа, поминала добро.
Според извори блиски до парот, тие се пресреќни што годинава Божиќ ќе го прослават со нов член во семејството.
„Не можат да бидат порадосни за првиот Божиќ со Роки. Кортни ќе го направи овој Божиќ навистина посебен и веќе почна да ја слави сезоната“.