Милионерот Џанлука Ваки ја изненади свршеницата за роденденот - Бели рози на полноќ за саканата

„Кога двајца луѓе првпат ќе се сретнат, тие се избираат еден со друг во првите 30 секунди. Ти си жената која ја засакав во првата секунда“ - милионерот Џанлука Ваки со љубовна порака и бели рози ја изненади љубената за 29-тиот роденден.

milionerot-djanluka-vaki-ja-iznenadi-svrshenicata-za-rodendenot-beli-rozi-na-polnokj-za-sakanata-01.jpg

Италијанскиот бизнисмен и милионер, Џанлука Ваки (56), на полноќ ја изненади саканата Шерон Фонсека и ѝ подари букет бели рози за 29-тиот роденден, а таа објави видео на својот Инстаграм.

„Полноќно изненадување“, напиша Шерон.

milionerot-djanluka-vaki-ja-iznenadi-svrshenicata-za-rodendenot-beli-rozi-na-polnokj-za-sakanata-02.jpg

Освен розите, милионерот на својот Инстаграм сподели и видео во кое ја раскажа нивната љубовна приказна, вклучувајќи ги и моментите кога Шерон била бремена и фотки од раѓањето на нивната ќерка.

Тој ѝ испрати љубовна порака во која јавно ѝ кажа дека ја засакал уште во првата секунда кога се сретнале.

milionerot-djanluka-vaki-ja-iznenadi-svrshenicata-za-rodendenot-beli-rozi-na-polnokj-za-sakanata-04.jpg

„Според мое мислење, кога двајца луѓе првпат ќе се сретнат, тие се избираат еден со друг во првите 30 секунди.

По овој избор, кој се заснова на нивните инстинкти, хемијата и морници на кожата и стомакот, треба да се трудите многу, бидејќи љубовта е дете за кое секојдневно треба да се грижите и да го сакате длабоко.

Треба да ја разберете, да ѝ дозволите да оди каде што сака, да ѝ помогнете да ги надмине тешкотиите што природно им се случуваат на сите живи суштества... и нема ништо поживо од љубовта со сите нејзини неопходни трансформации.

milionerot-djanluka-vaki-ja-iznenadi-svrshenicata-za-rodendenot-beli-rozi-na-polnokj-za-sakanata-08.jpg

Ако добро се грижите за ова 'дете', тогаш може да се роди најдлабоката форма на вечна љубов и така беше со нас.

На твојот роденден сакам да ти се заблагодарам што сме заедно, што се грижиме за нашата љубов. И ја оставаме да расте во повисока форма.

Истовремено, сакам да ти се заблагодарам што ми го подари најангелското овошје што можев да го имам во моите соништа, нашата прекрасна ќерка Блу Ерусалема, покрај која сакам само мир и спокојство.

И можеби да гледам што е можно повеќе од нејзината мајка во неа, жената која ја засакав во првата секунда кога ја видов.

Среќен роденден љубов моја“.

milionerot-djanluka-vaki-ja-iznenadi-svrshenicata-za-rodendenot-beli-rozi-na-polnokj-za-sakanata-05.jpg

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Џанлука Ваки гол пушта музика, Шерон Фонсека без грам шминка на јахта на Сардинија – Парот ужива во ... Шерон Фонсека во ретко несредено издание и без грам шминка, се прегрнува со ќерк...
Шерон Стоун: „Ме тераа да имам секс со Били Болдвин приватно за да глумиме подобро во филм“ „Дали Шерон Стоун сè уште е вљубена во мене или сè уште ја боли тоа што ја одбив...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
„Многу е тешко да си славен и богат“: Шерон Стоун се жали за богатството од 60 милиони долари „На вечера во ресторан со 15 луѓе, секогаш јас ја плаќам сметката од 3.000 долар...
Шерон Стоун за мозочниот удар: „Сите мислеа дека ќе умрам – ми ги снема милионите од сметка“ „Имав 18 милиони долари заштеда, но кога си ја проверив сметката – немаше ништо....
Кои светски ѕвезди се родени во знакот на Лав? (фото) Сопружниците Џенифер Лопез и Бен Афлек се родени во знакот на Лав, иако таа е во...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg