„Многу е тешко да си славен и богат“: Шерон Стоун се жали за богатството од 60 милиони долари
- Детали
- среда, 14 февруари 2024
„На вечера во ресторан со 15 луѓе, секогаш јас ја плаќам сметката од 3.000 долари. Не можам да летам со комерцијални авиокомпании бидејќи сум многу позната“, Шерон Стоун ја разбранува јавноста откако се пожали дека ѝ е тешко во животот, без разлика што има богатство од над 60 милиони долари.
Шерон Стоун, која важи за една од најпознатите актерки во светот, има богатство кое изнесува над 60 милиони долари.
Но, во неодамнешно интервју, 65-годишната актерка се пожали дека воопшто не ѝ било лесно што е славна и богата.
Вo интервју за InStyle, Шерон вели дека поради популарноста, повеќе не може да лета со комерцијални авиокомпании како и секој „нормален“ човек и да отиде каде што ќе посака.
Напротив, вели дека мора да има цела армија луѓе кои се погрижат за нејзината безбедност, но и за нејзиниот изглед.
„Луѓето разбираат дека Џенифер Лоренс не може туку-така да се качи во авион. Никол Кидман не може. Ни Шерон Стоун не може“.
Таа додава и дека е толку позната, што ја знаат дури и во амазонската џунгла.
Актерката се пожали и дека поради статусот, секојпат таа ги плаќа сметките во ресторани.
„Многу е скапо да бидеш позната личност. Одиш на вечера и има 15 луѓе на масата и кој ја плаќа сметката? Ти ја плаќаш сметката од 3.000 долари секојпат“.
Во истото интервју, таа сподели дека нејзините други трошоци вклучуваат многу работи – од помошниците и хигиеничарите во домот, до менаџери, обезбедување и мејкап артисти.
На социјалните мрежи, јавноста ја критикува за изјавите:
„Сирота Шерон. Можеби треба да ѝ донираме нешто?“
„Се жалиш бидејќи си богата и славна? Те молам замолчи“.
„Дали се жалиш или се фалиш?“
Во друго поново интервју, овој пат за The Times, актерката се отвори и за љубовниот живот, односно искуството со апликациите за состанување како Tinder.
Таа сподели дека повеќето романтични состаноци ги договорила преку вакви апликации, а еднаш завршила и со зависник од хероин.
Актерката и зависникот се сретнале во бар во хотел, а состанокот не траел долго и Шерон си заминала речиси веднаш.
Таа вели и дека за време на пандемијата, почнала дури две онлајн врски, кои не се претвориле во нешто повеќе.
А, Шерон истакнува дека им била како терапевт на мажите бидејќи им помогнала да ги преболат бившите партнерки.
„Бев како терапевт. На едниот маж, сопругата му кажала дека сака развод, а имаа две мали деца. Му беше тешко да го прифати тоа.
Другиот неодамна имаше раскинато со девојка му. Таа останала бремена и наместо да се венча со него, одлучила да абортира…
Кога се допишувавме уште беше вљубен во неа и јас му помогнав да ја преболи“.
Актерката вели дека искрено се надева дека во 2024 година ќе има повеќе среќа во љубовта и ќе најде добар партнер. Притоа, истакнува дека нема некои посебни барања од потенцијалниот дечко или сопруг.
Спирова С. | Црнобело