Нина Ред за патувањето во Дубаи: „Во некои ресторани треба да потрошиш најмалку 130 евра, Бурџ Халифа не ме воодушеви“
- Детали
- петок, 17 јануари 2025
„За tax free (поврат на данок) не им треба фискална сметка - те имаат во систем кај си била, што си купила, кај си се движела - само име и презиме и ме вади електронски, што бев изненадена“, вели инфлуенсерката, која раскажа што ја разочарало, а што ја воодушевило во Дубаи.
Нашата инфлуенсерка Николина Славковска, позната како Нина Ред, неодамна се врати од Дубаи, каде што помина пет дена.
На патувањето беше со својот пријател и соработник Октај Сејди, па заедно се прошетаа на неколку популарни туристички места, но и самите си организираа прошетки и излегувања за да го доживеат градот од аспект на луѓето кои живеат таму.
За сето тоа време Нина споделуваше фотографии и видеа на својот Инстаграм, и откриваше од што е воодушевена, а што не ѝ се допаднало.
Па така, Нина откри дека качувањето на Бурџ Халифа, највисоката кула во светот, и погледот оттаму не ѝ биле ништо посебно, но затоа не можеше да скрие колку ѝ се допаѓа шоуто на дервишите во пустина, како и инфинити базенот во хотелот Aura Sky Dubai, од каде што се гледа Палмата, но и прекрасно зајдисонце.
По враќањето во Скопје, Нина им даде можност на своите следбеници да ѝ постават прашања за патувањето, а таа одговараше преку Инстаграм Стори.
Првото прашање беше дали е потребна виза за во Дубаи, на што Нина одговори дека визата и осигурувањето за влез чинат 95 евра.
На прашањето колку ја чинела посетата на Дубаи, Нина кажа дека била преку агенција, но дека ако тргнеш приватно, не можеш да поминеш без 500 до 1.000 евра, зависно од тоа што сакаш да видиш и искусиш, но и за превоз.
„Тргнете од тоа дека за секој локал, ресторан, особено ако е популарен за посета, или за базенот што го посетивме ние, треба резервација однапред со одредена сума на пари. Значи, зборувам само за резервација.
Потоа, минимум сума за да јадеш. Но, тоа е индивидуално. Ако доаѓате со друштво и делите, можеби нема да почувствувате толкав трошок. Мислам и дека за сè се плаќа за влез, освен во Dubai Mall. Можеби грешам, но таков впечаток добив“.
Нина беше на пустинско сафари со традиционална вечера и ова ја чинело 90 евра.
Таа вели и дека цената за еднодневна посета на Абу Даби, е исто така 90 евра, а дека платила 29 евра за пловење со јахта околу Дубаи.
Таа го посети и познатиот ресторан C'est La Vi, но, не сакала да оди преку ден и да го доживее „типичното инфлуенсерско фотографирање со рози“, туку да има вечерно излегување.
„Сакавме храна, малку забава. Резервираш маса, со минимум нарачка од 500 дирхами, односно, околу 130 евра. Погледот ни беше фантазија“.