Шерон Стоун: „Ме тераа да имам секс со Били Болдвин приватно за да глумиме подобро во филм“
- Детали
- среда, 13 март 2024
„Дали Шерон Стоун сè уште е вљубена во мене или сè уште ја боли тоа што ја одбив додека ми се додворуваше? Можеби треба да напишам книга за нејзиното валкано минато?“ – прашува Били Болдвин, откако Шерон Стоун рече дека за снимање на филм ја натерале да има секс со него во приватниот живот.
Холивудската актерка Шерон Стоун (66) по подолго време го откри името на продуцентот што ја присилил да има вистински секс со актерот Били Болдвин (61) за време на снимањето на филмот Silver.
Шерон беше гостинка во поткаст каде откри дека станува збор за сцените снимени со братот на Алек Болдвин, Вилијам, попознат како Били, а дека продуцентот бил Роберт Еванс, кој почина во 2019-та година.
Според нејзините тврдења, по успехот со филмот Basic Instinct, тие очекувале Шерон да го испорача истиот резултат и со филмот Silver што бил снимен во 1993-та година.
„Тие очекуваа да им донесам уште еден голем хит и ми дадоа можност сама да изберам со кого ќе играм, но кога дојде време за тоа, ми рекоа дека договорот е неважечки и дека не можам сама да одобрувам.
Потоа се обидоа мене да ме обвинат за нивните грешки, а згрешија многу во начинот на кој ги ангажираа режисерите и актерите“ – вели таа.
Потоа раскажува како продуцентот Еванс ја повикал на состанок и побарал од неа да спие со актерот Вилијам Болдвин, во приватниот живот, за да се подобри хемијата меѓу актерите.
„Продуцентот не престана да чекори низ канцеларијата со очила за сонце и ми објасни дека и тој самиот спиел со Ава Гарднер и дека јас треба да имам секс со Били Болдвин за тој да може да глуми подобро, а нам тоа ни е потребно.
Ми рече дека ако имам секс со Били, ќе имаме подобра хемија на екранот и тоа ќе го спаси филмот, а вистинскиот проблем во филмот сум јас затоа што сум премногу ’стегната' и не сум вистинска актерка што може само да се из**е со него и да ги врати работите во вистински тек“ – раскажа Шерон.
Таа понатаму вели дека навистина ѝ пречело ова барање, затоа што во Basic Instinct немала потреба да биде интимна со Мајкл Даглас, кој знаел да дојде подготвен на работа и „од прва“ да ги сними сцените.
„Сега, одеднаш јас се најдов во ситуација кога мора да имам секс со колегите“ – вели Шерон.