Шерон Стоун: „Ме тераа да имам секс со Били Болдвин приватно за да глумиме подобро во филм“
По нејзиното искрено признание во јавноста, се огласи Вилијам Били Болдвин, кој на Твитер напиша подолга објава, која гласи:
„Не знам зошто Шерон Стоун сè уште зборува за мене и по сите овие години?
Дали сè уште е вљубена во мене или сè уште ја боли и после сите овие години тоа што ја одбив додека ми се додворуваше?
Дали таа не ѝ рече на нејзината пријателка Џенис Дикинсон, дента откако имавме тестирање за на екран и случајно се сретнавме на нашиот лет од MGM кон Њујорк:
’Ќе направам толку силно да се вљуби во мене, што ќе му се врти во главата?‘
Знам толку многу валкани работи за неа што навистина ќе ѝ се врти во главата, но сите овие години си молчам“.
Тој додаде дека се прашува дали треба да напише книга во која ќе ги раскаже големиот број вознемирувачки, провокативни и непрофесионални приказни за Шерон.
За потсетување, Вилијам Болдвин е најмал од четирите браќа Болдвин, а е во брак со пејачката Синтија Филипс.
Тие двајца се заедно од 1995-та година, а заедно имаат 3 деца.
Вилијам неодамна даде изјава во која посочи дека со сопругата се посветени на христијанството и дека тоа им помогнало да го сочуваат бракот.
Б. С. Б. | Црнобело