Славни жени кои драстично го променија изгледот по раскинувањето
- Детали
- сабота, 13 ноември 2021
Непишано правило е дека жената се менува на подобро откако ќе помине низ болно раскинување.
Иако претежно раскинувањето се одразува на должината на косата, кај овие 7 славни жени раскинувањето се одрази на драстично менување во целосниот имиџ:
1. Адел беше во врска и брак со Симон Конецки од 2011-та до 2019-та година. Пресврт се случи во 2020-та кога по разводот, се појави со десетици килограми помалку и променет стил.
2. Ирина Шајк имаше изглед на „добра девојка“ додека беше во врска со Бредли Купер, но по раскинувањето во 2019-та, Ирина е склона на сериозни експерименти со изгледот.
3. Позната по статусот на секс-симбол, Меган Фокс која е мајка на 3 деца, негува младешки, бунтовен стил од 2020-та година па наваму, откако се разведе од Брајан Остин Грин.
4. Ким и Канје беа заедно од април 2012-та, а до пред неколку месеци Канје беше задолжен за нејзината трансформација. Последниве месеци сите коментираат како се враќа „старата Ким.“
5. Рис Витерспун влезе во брак со Рајан Филипе во 1999-та година, со кого има две деца. Во 2006-та година парот ја објави својата разделба, по што Рис стана препознатлива русокоса.
6. Откако го доживеа последното раскинување со Џастин Бибер во 2018-та година, Селена Гомез како да порасна преку ноќ.
7. Ева Лонгорија се разведе од Тони Паркер во 2011-та година, по што актерката драстично ослабе и почна да се подмладува.
М. Д. | Црнобело