Ирина Шајк и Бредли Купер разгореа гласини – шетаат фатени под рака како во старите времиња (фото)
- Детали
- вторник, 16 ноември 2021
Бредли Купер и Ирина Шајк прошетаа низ Менхетн фатени под рака, а широката насмевка на лицето на актерот беше јасен знак дека си поминуваат одлично и дека можеби решиле да ѝ дадат нова шанса на нивната врска.
Бреди Купер и Ирина Шајк ги разгореа гласините дека можеби ќе ѝ дадат уште една шанса на врската, откако беа забележани на прошетка во Менхетн фатени под рака.
Супермоделот и актерот заедно имаат 4-годишна ќерка, а по разделбата се во одлични односи и неретко заедно излегуваа со неа, но досега речиси никогаш не биле забележани само тие двајца.
35-годишниот модел носеше црни панталони, бела кошула и долг црн капут во комбинација со бели патики. И 46-годишниот актер беше во лежерно издание со сини панталони, блузон и темносин капут.
Ирина носеше заштитна маска, но насмевката на лицето на Бредли е јасен знак дека си поминува одлично во друштвото на поранешната девојка.
Како што напоменавме, за разлика од другите заеднички излегувања, овојпат нивната ќерка Леа не беше со нив.
Ирина и Бредли беа заедно четири години, пред да ѝ соопштат на јавноста дека се разделуваат. По раскинувањето во 2019 година, тие останаа во добри односи и заедно се грижат за нивната ќерка.
Оттогаш ни Ирина, ни Бредли немале сериозна врска, но пред некој месец супермоделот имаше кратка романса со бившиот на Ким Кардашијан – Канје Вест.
Тогаш изворите ја потврдија нивната врска, но нагласија дека не станува збор за ништо сериозно.
Бредли и Ирина речиси никогаш не зборуваат за нивната врска или зошто се разделиле, а Ирина и објасни зошто:
„Тоа е моја врска од минатото, нешто што ми припаѓа мене и е приватно. Тоа е дел од мене што не сакам да го споделам. Не сакам ни да знам што пишуваат за мене.
Искрено, премногу сум зафатена со моето дете. Ако некој пишува за мене, тогаш си ја работи својата работа. Јас се фокусирам на мојот живот“.
Сепак, Ирина редовно го фали Бредли за неговите родителски способности, изјавувајќи дека тој е најдобриот татко што го видела.
Прочитајте повеќе Ирина Шајк зборува за бившиот со восхит: „Бредли е строг татко и не му требаат дадилки“
Спирова С. | Црнобело