„Исполнував фантазии на постари мажи за пари“ - Емили Ратајковски повторно открива шокантни детали од младоста
- Детали
- среда, 17 ноември 2021
Во интервју за нејзината нова книга, Емили Ратајковски открива дека ги трпела понижувањата од мажите во модната индустрија за да заработи пари, дека Инстаграм е единственото место каде што се чувствува како да има контрола, но и дека го дава најдоброто од себе за да го заштити синот Силвестер од „токсичната мажественост“ која според неа доминира во забавната индустрија.
Како дел од интервју со Interview Magazine, Емили Ратајковски направи фотосесија во нејзиниот дом во Њујорк каде што можеме да ја видиме во најопуштено издание со синчето Силвестер.
Во интервјуто, 30-годишниот модел зборува за нејзината книга во која споделува многу детали од животот, вклучувајќи го и сексуалното вознемирување од страна на Робин Тик на сетот на Blurred Lines.
Емили зборува и за желбата за пари што ја натерала да стане модел, но и мајчинството.
Таа открива детали кои ја шокираат јавноста, а со тоа сака да биде пример како не треба во животот.
Емили вели дека пробува да го заштити синот од „токсичната мажественост“ која според неа доминира во светот.
„Го гледам моето дете како прекрасно човечко суштество кое го осознава светот. Најдоброто што можам да го направам е да го научам на сочувство, но и да го натерам да ја разбере разликата во моќта помеѓу мажите и жените, да сфати и дека треба да се грижи за жените. А, како ќе се случи тоа? Не сум целосно сигурна“.
Таа вели дека однесувањето на мажите како Робин Тик е многу лошо и ќе го даде најдоброто од себе за нејзиниот син да не го прави тоа.
Потоа моделот споделува дека почнала да го гледа манекенството само како работа – за жал, пробувала да го игнорира понижувањето и да се фокусира само на парите.
„Му пристапив на манекенството како работа. Бев заинтересирана само за парите што можам да ги заработам. Знаев дека имаше потенцијал да станам и позната и пример за убава жена.
За мене, моќните жени беа како Бритни Спирс, додека моќните мажи беа претседатели. Така ги разбирав нештата. Секако дека го посакував тоа, но си помислив дека никогаш нема да имам толкава моќ, па само се фокусирав да заработам што е можно повеќе“.
„Многупати се чувствував како кукла која работи за мажи кои беа можеби дупло постари од мене, се соблекував и ги исполнував нивните фантазии.
Снимањето на Blurred Lines беше искуство каде што многу жени ме прашуваа како се чувствувам. Дали ми се допаѓа шминката? Дали ми се допаѓа косата? Си дозволив да се релаксирам и да уживам на тој сет. Мислам и дека затоа спотот беше толку успешен, бидејќи имаше опуштени девојки“.
Но, Емили вели дека било јасно дека мажите ја имаат моќта на тој сет, па пробала да го „закопа“ тоа чувство длабоко во себе. Моделот вели дека се чувствувала посрамотена за нејзината положба, особено по инцидентот со Робин Тик, каде што пејачот без нејзина дозвола ѝ ги допрел градите.
Таа вели дека почнала да сфаќа дека нема никаква моќ како жена дури кога почнала да работи како модел.
„Си мислев дека штом јас сум заводлива, имам моќ. Јас го добивам целото внимание, значи јас имам моќ. Но, дури кога пораснав обрнав внимание на сите лоши искуства и сфатив кој има контрола и моќ“.
Во интервјуто Емили открива дека објавувањето (разголени) фотки на Инстаграм ѝ помогнало да се чувствува како да има некаква контрола.
„Инстаграм е едно од местата каде што се чувствував како да имам контрола, бидејќи јас одбирам кои фотографии ќе бидат објавени“.
Во книгата Емили нагласува дека сигурно никој не би ја сфатил нејзината анксиозност сериозно поради нејзиниот изглед. Односно, девојките и жените кои изгледаат како неа никогаш не се сфатени сериозно кога станува збор за нивните чувства и интелигенција.
„Многу сум анксиозна во врска со ова. Многу ослабев изминатиов месец бидејќи сум загрижена и исплашена. Моето тело како да одговара на мојата загриженост за тоа како ќе биде прифатена книгата“.
Прочитајте повеќе: „Го почувствував срамот низ моето тело“ – Емили Ратајковски сексуално вознемирувана на сетот на Blurred Lines + први фотки од детето
Спирова С. | Црнобело