Ја освои по разводот со Канје, бившите го фалат за „надареноста“ – Ким и Пит фатени за рака ја потврдија врската
- Детали
- петок, 19 ноември 2021
Ким Кардашијан и официјално е во врска со 13 години помладиот Пит Дејвидсон, за кого бившата свршеница Аријана Гранде тврдеше дека е мошне надарен и дека ја освоил со големината на неговата машкост.
Кланот Кардашијан има нов член во семејството. Најновите папарацо фотографии потврдуваат дека Ким Кардашијан (41), по разводот со Канје Вест (44) и официјално е во врска со 13 години помладиот Пит Дејвидсон (28).
Во изминатите денови ријалити ѕвездата и Пит Дејвидсон во неколку наврати беа забележани на излегување во Њујорк и во Лос Анџелес.
Во средата (17.11), папараците ги уловија Ким и Пит како се држат за рака додека го славеа неговиот роденден во Палм Спрингс, Калифорнија.
Ким и Пит престојуваа во домот на мајката на Ким, Крис Џенер, а по фотографиите што се појавија од нивната прошетка, станува јасно дека двојката е во врска и немаат намера да го кријат тоа.
Пит Дејвидсон е првото момче на Ким, откако таа поднесе документи за развод со Канје Вест во февруари годинава.
Прочитајте и Канје Вест (44) си „фати“ 22-годишна девојка - заедно беа на кошаркарски меч, по скандалите (фото)
Пит пак, ѝ е познат на јавноста по љубовниот живот - претходно беше во врска со Кејт Бекинсејл и со Аријана Гранде.
Аријана во една прилика ја пофали неговата машкост на Твитер. Твитот е одамна избришан, но поголем број од медиумите пишуваа дека Аријана Гранде е „вљубена“ во него поради тоа што е мошне надарен.
На прашањата на обожавателите колкава е машкоста на Пит, Аријана тогаш одговори дека е околу 10 инчи (25 cm) и дека во целост зрачи со енергијата на „голема машкост“.
Погледнете повеќе фотографии од новиот пар:
Б. С. Б. | Црнобело