Канје Вест (44) си „фати“ 22-годишна девојка - заедно беа на кошаркарски меч, по скандалите (фото)
- Детали
- понеделник, 08 ноември 2021
Канје си „фати“ впечатлива убавица со полни усни, иако изјавуваше дека не прифаќа дека Ким повеќе не е негова сопруга.
Канје Вест наводно веќе извесен период се состанува со 22-годишна девојка, која работи како модел. Таа е позната под името Винетриа и заедно се појавија на кошаркарски натпревар во Минеаполис.
Винетриа се појави со раперот и во Мајами минатиот месец, каде тој снимаше интервју во кое изјави „Ким Кардашијан сè уште е моја сопруга“ и дека немал видено никакви документи за развод.
Неговата романса со Винетриа доаѓа само неколку месеци откако тој беше поврзуван со супермоделот Ирина Шајк.
Ким од друга страна ја поврзуваат со 27-годишниот Пит Дејвидсон. бившиот на Аријана Гранде.
Прочитајте и Фановите загрижени за менталното здравје на Канје Вест - се шета со бизарни гумени маски на лицето (фото)
Фотки од Винетриа:
https://www.instagram.com/p/CIWVSaRAu5c/
https://www.instagram.com/p/B67KnwzgIVv/
С. С. | Црнобело