Нова љубов на повидок: Ким Кардашијан (41) се држи за рака со Пит Дејвидсон (27) – бившиот на Аријана Гранде (фото)
- Детали
- понеделник, 01 ноември 2021
По заедничкиот скеч што го снимија за Saturday Night Live, Ким Кардашијан и Пит Дејвидсон минуваат многу време заедно, а деновиве беа фотографирани и како се држат за рака – изворите тврдат дека сепак не се пар.
Откако магазинот People објави ексклузивни фотки од Ким Кардашијан и Пит Дејвидсон – бившиот вереник на Аријана Гранде – на кои се држат за раце, фановите почнаа да шпекулираат дека можеби тие се новиот славен пар.
41-годишната Ким и 27-годишниот Пит беа забележани во забавен парк, заедно со Кортни и Тревис, а од фотографиите е очигледно дека и двајцата се забавуваат и си поминуваат одлично.
Наводно, Ким и Пит се запознале на популарното шоу Saturday Night Live (SNL), каде што ријалити ѕвездата гостуваше пред неколку недели.
Во еден од скечовите, Ким и Пит се појавија заедно како Аладин и принцезата Јасмин, па дури и споделија бакнеж.
Инаку, Пит претходно беше во врска со Аријана Гранде, која исто така ја запозна додека таа гостуваше на Saturday Night Live. Набрзо тие и се верија, но само неколку месеци подоцна споделија дека се разделуваат.
И покрај тоа што на последните фотки Ким и Пит навистина изгледаат како пар, извори блиски до ријалити ѕвездата тврдат дека се само пријатели.
„Се движат во исти кругови, па нормално е одвреме-навреме да излеваат заедно. Тие се само пријатели кои се дружат“.
Некои извори тврдат и дека парот се познава долго пред гостувањето на Ким во SNL и помеѓу нив немало ништо романтично.
По разводот со Канје Вест, Ким беше поврзувана со неколку мажи, но веројатно секојпат станувало збор само за гласини. Познатиот пар се раздели во февруари, а наводно Канје сè уште се надева дека ќе добие уште една шанса.
И покрај разделбата, Ким се појави и на промоцијата на новиот албум на Канје, и тоа во венчаница, па многумина го сфатија ова како знак дека можеби ќе се смират.
Но, извори блиски до ријалити ѕвездата велат дека Ким само ја покажува нејзината поддршка кон Канје.
Засега ни Ким, ни Пит се немаат огласено за шпекулациите дека се пар.
Скечот на Ким Кардашијан и Пит Дејвидсон:
Спирова С. | Црнобело