Ким Кардашијан со венчаница на промоцијата на албумот на Канје, откако тој одлучи да си го промени името (фото+видео)
- Детали
- петок, 27 август 2021
Ким Кардашијан и Канје Вест повторно ги разгорија гласините дека ќе ѝ дадат нова шанса на врската, откако ријалити ѕвездата се појави на промоцијата на албумот на раперот во венчаница.
За новиот албум Donda, Канје Вест организираше неколку промоции на кои имаше и сценски настапи, а на последната промоција на сцената му се придружи и поранешната сопруга Ким Кардашијан, и тоа во венчаница.
Најпрво Канје ја изненади публиката откако на сцената се појавија Мерлин Менсон и американскиот рапер DaBaby, но веројатно никој не очекувал да се појави и Ким, уште помалку во венчаница.
Ким се појави на сцената на крајот од промоцијата, со венчаница од Balenciaga, а моментот предизвика лавина реакции од присутните.
Ова, пак, повторно ги разгоре гласините дека Канје и Ким можеби ќе се обидат да му дадат уше една шанса на бракот, иако извори блиски до парот ги негираат. Наводно, тие се само во добри односи, а Ким со задоволство му помага на Канје кога има потреба од тоа.
„Ким и Канје отсекогаш се поддржувале и ќе продолжат така и во иднина, без разлика дали станува збор за соработка или нешто друго. Ким со задоволство се појави на настанот за Канје, бидејќи нему му беше важно тоа“, тврдат изворите за TMZ.
Ким присуствуваше и на претходните настапи кои беа дел од промоцијата на новиот албум на Канје, а споделуваше и фотки на Инстаграм Стори покажувајќи ја нејзината поддршка.
За последната промоција, Канје обезбедил и околу 1.500 вакцини, а на фотките направени пред стадионот се гледа табла со натпис „Бесплатни ковид вакцини. Не е потребно закажување“.
Промоцијата се одржа само неколку денови откако раперот поднел документи за да ги го промени името од Канје Омари Вест во Је (Ye) – името што го користи на неговиот Твитер профил, како и името на еден од неговиот албуми. Во 2018 година, Канје сподели и твит, изјавувајќи:
„Порано бев Канје Вест. Јас сум Је“.
Прочитајте и 10 строги правила кои ги почитуваат членовите на семејството Кардашијан за слава
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





