Пијана се валка на подот, Меколи Калкин ја снима: Ким Кардашијан критикувана за бизарното празнично видео
- Детали
- вторник, 24 декември 2024
„Мислам дека ќе умрам за 7 дена откако ќе го изгледам видеото (како во The Ring)“ – гласи еден од многуте коментари за новото бизарно празнично видео на Ким Кардашијан, во кое се појавува и ѕвездата од „Сам дома“, Меколи Калкин.
Ким Кардашијан не престанува да провоцира, а моментално е мета на критики за нејзиното бизарно, па и застрашувачко празнично видео.
Ријалити ѕвездата објави кавер на популарната божиќна песна Santa Baby, за што сними и спот кој е сè освен празничен.
„Дејството“ на спотот е сместено во куќа, веројатно по забава, бидејќи наоколу има луѓе кои лежат на подот, луѓе кои пеат, луѓе кои се тепаат…
Ким, пак, носи руса перика налик Мерилин Монро, и делува како да е пијана.
Во текот на целиот спот, таа е во преден план и се валка и лази по подот.
Минува покрај девојки кои играат друштвена игра, луѓе кои изгледаат како да се „мртви пијани“, жена која поткаструва новогодишна елка, па дури и црковен хор и жена која се крсти.
На крај, се гледа дека Ким ја снимал Дедо Мраз за кој, пак, се открива дека е никој друг, туку Меколи Калкин – ѕвездата од „Сам дома“.
Според описот на Јутјуб, песната и спотот се во продукција на Тревис Баркер, сопругот на Кортни Кардашијан.
А, под видеото, тешко дека ќе најдете добар коментар.
„Очекувам пеколот да изгледа вака“.
„Храбро од нејзина страна што дозволила да се коментира на видеото“.
„Сигурно вака изгледа да се разбудиш на една од забавите на Диди“.
„Само што си помислив дека одамна не сме виделе нешто демонско од Ким“.
„Ми се чини дека ќе умрам за 7 дена откако ќе го изгледам видеото (како во The Ring)“.
„Ким, добра си?“
Коментарите не се ништо подобри ни на другите социјални мрежи, како Инстаграм:
„Збунета сум. Ким, што правиш?“
„Го уништи Божиќ“.
„Ве молам да не го нормализираме ова, што и да е“.
„Ова е вознемирувачко. И Ким тврди дека е христијанка?“
„Само затоа што можеш да направиш нешто, не значи дека треба да го направиш“.
Погледнете го бизарното видео во продолжение:
Инаку, ова не е прв обид на Ким да заплива во музичките води - во 2011 година таа ја издаде песната Jam (Turn it Up).
Спирова С. | Црнобело