Ќерката на Ким и Канје се гушка со маќеата, додека мама очајно бара помош да се справи со децата
- Детали
- вторник, 30 јули 2024
Најстарата ќерка на Ким и Канје, Норт, очигледно се поврзува со девојката на татко ѝ, која полугола ја носи во кино и прегрнува, додека мама Ким признава дека ја губи контролата над децата и посетува терапевт за да се справи со родителството.
Норт Вест, најстарото дете на Ким и Канје, очигледно почнува повеќе да се поврзува со маќеата Бјанка Сенсори.
Викендов Канје и Бјанка ја однесоа 11-годишната Норт во кино во Лос Анџелес, а како и вообичаено, маќеата се појави во полуголо издание.
Додека 29-годишната девојка на Канје беше облечена во гаќи со блуза, искомбинирани со штикли и капче, Норт го следи стилот на татко ѝ, во широка и темна облека.
Папарацо фотографите очигледно ѝ одат на нерви на Норт, судејќи по гримасите кои ги прави директно во објективот, но тие успеале да „уловат“ интересен момент.
На една од фотките, Бјанка ја прегрнува Норт за да ја смири и утеши, со што покажа дека очигледно се во добар однос и полека се зближуваат.
Во меѓувреме пак, мама Ким признава дека е очајна и дека ја губи контролата над децата, бидејќи ѝ е тешко да се справи со нив.
Прочитајте повеќе: Ким Кардашијан се жали дека децата ѝ се надвор од контрола: „Се заклучив во бањата, не можам веќе сама“
Неодамна, во епизода од нивното шоу, таа откри дека посетила терапевт за да побара помош.
„Почнав да одам на терапевт, бев еднаш и ми рече дека морам да им го намалам времето поминато пред екран.
Да секако, но овие строги правила, како забрана на телефон за време на ручек и слично, ќе ги изнервира, ќе почнат да врескаат и да се расправаат и тоа ќе трае цела недела и ќе мора да попуштам...“
Погледнете повеќе фотки од заедничкото појавување на Канје, Бјанка и Норт:
М. М. | Црнобело