Шон Мендез и Камила Кабејо раскинаа по 2 години – дали нивната врска беше маркетиншки трик?

По две години заедно, Шон и Камила изјавија дека се разделиле, но со ова повторно ги разгореа гласините дека нивната врска беше само маркетиншки трик со цел подобро да ги промовираат нивните заеднички хитови.

shon-mendez-i-kamila-kabejo-raskinaa-po-2-godini-zaedno-javnosta-ubedena-deka-nivnata-vrska-beshe-marketinshki-trik-01.jpg

Шон Мендез и Камила Кабејо, кои изгледаа како најсреќниот славен пар, изјавија дека ѝ ставиле крај на врската по две години поминати заедно.

23-годишниот пејач и 24-годишната пејачка ги соопштија новостите на Инстаграм Стори, истакнувајќи дека и покрај разделбата, ќе останат во добри односи.

„Одлучивме да ѝ ставиме крај на нашата романтична врска, но нашата љубов еден за друг како луѓе е посилна од кога било.

Ја почнавме врската како најдобри пријатели и ќе продолжиме да бидеме најдобри пријатели. Многу ја цениме вашата поддршка од почетокот и понатаму. Камила и Шон“.

shon-mendez-i-kamila-kabejo-raskinaa-po-2-godini-zaedno-javnosta-ubedena-deka-nivnata-vrska-beshe-marketinshki-trik-02.jpg

Пред само две недели, Шон и Камила беа забележани во Мајами како разменуваат нежности, па никој од фановите не ни помислуваше дека ќе се разделат.

Но, поради ова „ненајавено“ раскинување повторно се разгореа гласините за тоа дали можеби нивната врска беше само маркетиншки трик.

shon-mendez-i-kamila-kabejo-raskinaa-po-2-godini-zaedno-javnosta-ubedena-deka-nivnata-vrska-beshe-marketinshki-trik-08.jpg

Шон и Камила се запознаа во 2014 година, додека пејачката уште беше дел од бендот Fifth Harmony. Наводно, веднаш се зближиле и набрзо потоа, во 2015-та, ја објавија нивната прва соработка – песната I Know What You Did Last Summer.

Бидејќи беше очигледно дека минуваат многу време заедно поради работните обврски, јавноста почна да шпекулира дека се пар.

И двајцата неколку години негира, но кога го издадоа вториот заеднички сингл во 2019-та – Señorita – само ги разгореа гласините, особено поради спотот на песната.

shon-mendez-i-kamila-kabejo-raskinaa-po-2-godini-zaedno-javnosta-ubedena-deka-nivnata-vrska-beshe-marketinshki-trik-06.jpg

Истата година, само неколку недели пред да потврдат дека се заедно, Шон и Камила неколкупати беа фотографирани како се бакнуваат.

Сепак, и покрај желбата на фановите да бидат заедно, штом ја потврдија врската, јавноста почна да се сомнева дали навистина се заедно.

Наводно, на повеќето најсомнително им било тоа што Шон и Камила се бакнуваат и прегрнуваат секојпат кога околу нив има папараци и камери, како да се обидуваат да ги убедат другите дека се заедно.

shon-mendez-i-kamila-kabejo-raskinaa-po-2-godini-zaedno-javnosta-ubedena-deka-nivnata-vrska-beshe-marketinshki-trik-03.jpg

Дел од коментарите што се ширеа на социјалните мрежи кога јавноста почна да се сомнева:

„Шон Мендез и Камила Кабејо се преправаат дека се во врска секојпат кога ќе им се приближат папараците кои самите ги викнале“.

„Ова е еден од најлошите обиди за лажна врска со цел да се промовира нивната заедничка песна“.

„Искрено, не ми е грижа со кого си во врска, тоа си е твое. Но, фановите се расправаат мислејќи дека ти и Камила сте само маркетиншки трик. Би требало да го разјасниш ова“.

shon-mendez-i-kamila-kabejo-raskinaa-po-2-godini-zaedno-javnosta-ubedena-deka-nivnata-vrska-beshe-marketinshki-trik-05.jpg

Камила се нема огласено за овие шпекулации, но кога Шон беше прашан од папараците дали навистина се заедно, пејачот одговори дека нивната врска дефинитивно не е маркетиншки трик.

Оние кои се убедени дека навистина беа пар велат дека ако тие сакале само публицитет, почесто ќе се појавувале заедно на важни настани, а на Инстаграм ќе објавувале многу повеќе фотки од нив.

Тие истакнуваат и дека ако врската навистина била лага, сигурно немало да минуваат толку многу време заедно – од парот навистина има бројни папарацо фотки од изминативе две години.

shon-mendez-i-kamila-kabejo-raskinaa-po-2-godini-zaedno-javnosta-ubedena-deka-nivnata-vrska-beshe-marketinshki-trik-04.jpg

Но, бидејќи сега ѝ ставија крај на романсата, веројатно со текот на времето ќе стивнат и гласините, па никогаш нема со сигурност да знаеме што било вистина, а што не.

shon-mendez-i-kamila-kabejo-raskinaa-po-2-godini-zaedno-javnosta-ubedena-deka-nivnata-vrska-beshe-marketinshki-trik-07.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Љубовни триаголници: Како пријателите во Холивуд си ги „крадат“ партнерите? По разводот со Том Круз, Кејти Холмс почна врска со Џејми Фокс кој му беше добар...
Зошто Анџелина не сака да се разведе од Бред Пит, откако биолошката ќерка ѝ го сврте грбот? Бред Пит повторно сака да стане татко и се надева дека во 70-тите години кога ќе...
Камила Кабејо за нејзиното прво сексуално искуство: „Имав 20 години, беше многу убаво“ Во ново интервју, Камила Кабејо откри дека првата љубовна врска ја почнала на 20...
Проколнати европски принцези: Љубовни афери, сообраќајки, болести Кралските семејства секогаш биле фасцинантни за јавноста - нивниот животен стил,...
Славни личности кои ја пронашле сродната душа по 40-тата година Многумина би рекле дека Холивуд е познат по раскинувања и кратки бракови, но ови...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg