Проколнати европски принцези: Љубовни афери, сообраќајки, болести

Кралските семејства секогаш биле фасцинантни за јавноста - нивниот животен стил, правилата на однесување, љубовните афери и секс скандали. Поради овие работи, некои принцези го добија прекарот „проколнатите принцези на Европа“. Кои се тие?

prokolnati-evropski-princezi-ljubovni-aferi-soobrakjajki-bolesti-01.jpg

Последната кралска личност која е во центарот на вниманието на светската јавност е принцезата од Велс, Кејт Мидлтон.

Последниве месеци околу неа се „плетеа“ теории на заговор бидејќи повеќе од 2 месеца ја немаше во јавноста, а тука беа и шпекулациите за наводната афера на нејзиниот сопруг.

Сето ова заврши со нејзината објава дека ѝ е дијагностициран рак.

По ова, во јавноста почна да се коментира дека и таа е една од редот сакани, но проколнати европски принцези...

Но, таа не е првата принцеза која има тешка судбина. Мајката на нејзиниот сопруг, принцезата Дијана, загина во сообраќајна несреќа, а во текот на бракот со Чарлс, помина низ пекол и поради неговата врска со Камила Боулс.

Во сообраќајка загина и Грејс Кели, принцезата од Монако. За нејзината смрт ја обвинуваа нејзината тогаш малолетна ќерка, Стефани.

Кои европски принцези имаа тешка судбина и го добија прекарот „проколнатите принцези на Европа“?

Кејт Мидлтон

Кејт Мидлтон го занеме светот кога во искрено обраќање до јавноста откри дека ѝ е дијагностициран рак.

Иако не откри за каков тип на рак станува збор, таа кажа дека лекарите ѝ советувале да почне со превентивна хемотерапија.

„Ова беа неверојатно тешки неколку месеци. Со Вилијам сакавме мојата болест да ја задржиме за нас, додека да им објасниме на Џорџ, Шарлот и Луи што се случува, на наш начин“, кажа таа.

По ова, јавноста од целиот свет ѝ испрати пораки со поддршка и желби за брзо оздравување.

prokolnati-evropski-princezi-ljubovni-aferi-soobrakjajki-bolesti-05.jpg

Принцезата Дијана

Само неколку години претходно, уште една принцеза на британскиот двор имаше тешка судбина. Лејди Ди, позната и како принцеза на срцата, се омажи за принцот Чарлс.

Венчавката ја следеа преку 750 милиони луѓе, а се пренесуваше во живо на 74 телевизиски станици.

Но нивниот брак не беше воопшто како од бајките. Не беше тајна дека Чарлс е заљубен во Камила Боулс, па по 15 години брак, парот се разведе.

По разводот, Дијана ја пронајде среќата со египетскиот милијардер Доди Фајед. Но таа не траеше долго, бидејќи двајцата загинаа во сообраќајна несреќа во Париз на 31 август 1997 година.

Возачот на автомобилот, под дејство на алкохол и антидепресиви, загубил контрола на возилото и удрил во потпорен столб во тунелот Pont de l’Alma. Дијана имаше 37 години.

prokolnati-evropski-princezi-ljubovni-aferi-soobrakjajki-bolesti-04.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Славни личности кои добија вонбрачни деца во тајност (од афери) Додека да наполни 11 години, Лив Тајлер ни самата не знаела дека е ќерка на пеја...
Љубовни триаголници: Како пријателите во Холивуд си ги „крадат“ партнерите? По разводот со Том Круз, Кејти Холмс почна врска со Џејми Фокс кој му беше добар...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
Зошто Анџелина не сака да се разведе од Бред Пит, откако биолошката ќерка ѝ го сврте грбот? Бред Пит повторно сака да стане татко и се надева дека во 70-тите години кога ќе...
Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg