Била опседната со бившиот дечко, имала навредлив прекар – Помалку познати факти за Кејт Мидлтон
- Детали
- четврток, 21 март 2024
Била бунтовна девојка која им го покажала голиот задник на колегите на факултет па заради тоа добила навредлив прекар, мрази кога ја викаат Кејт – Кои се некои од помалку познатите факти за принцезата од Велс?
Принцезата од Велс, Кејт Мидлтон откако се омажи за принцот Вилијам стана една од најчесто фотографираните припадници на кралското семејство, па затоа воопшто не зачудува фактот што веднаш почнуваат да се шират теории на заговор откако неа ја нема подолго од два месеци во јавноста.
Додека на социјалните мрежи се објавени повеќе фотки и видеа од неа, твитерџиите не се убедени дека тоа е Кејт и мислат дека кралското семејство користи двојнички за да ja залаже јавноста.
Денес важи за еден од најодмерените членови на кралското семејство, што најчесто се придржува до протоколот, па и во најтешките мигови не излегува пред јавноста за да соопшти што се случува со неа, а во минатото била бунтовна девојка која живеела во високите кругови на британското општество.
Во продолжение повеќе интересни факти за Кејт Мидлтон што можеби не сте ги знаеле:
Кејт е најстарото дете на Мајкл и Керол Мидлтон, тие имаат уште две деца Пипа и Џејмс. Мајкл и Керол работеле во British Airways. Мајката на принцезата била стјуардеса, а татко ѝ бил контролор на летови.
Во 1982-та година Мајкл и Керол се преселиле во Аман, во Јордан. Таму принцезата одела во градинка за странци, каде се плаќало околу 1.000 долари годишно за грижата на децата.
Две години подоцна, во 1984-та година се вратиле во Англија, каде останале да живеат во близина на семејството.
Кејт во една пригода истакна дека додека растела, била многу блиска со баба ѝ, која постојано си играла со внуците, изработувала ракотворби и ги научила за тајните на градинарството и готвењето.
Сите знаат дека Кејт и Вилијам се запознале во 2001-ва година на универзитет, но постојат тврдења дека таа првпат го забележала кога имале 9 години за време на хокеј натпревар.
Принцот играл за тимот на ривалското училиште и се верува дека уште тогаш ѝ го привлекол вниманието.
Пред да стане член на кралското семејство, Кејт била дете модел. Таа позирала на каталозите за семејниот бизнис на мајка ѝ и татко ѝ Party Pieces, кои продавале декорации за забави и опрема.
Кејт заедно со братот и сестрата била застапена во сите каталози на компанијата.