Татјана Стојановска објави ретка фотка со синот - презентерката и Матеј уживаат во Словенија
- Детали
- недела, 19 јануари 2025
Татјана скоро никогаш не споделува фотки од синот, кого го роди додека беше во брак со пејачот Благоја Грујовски.
Презентерката на вести и поранешна Мис на Македонија, Татјана Стојановска Китановска, е на патување во Словенија.
Таа ужива во друштво на синот Матеј, па на својот Инстаграм сподели неколку фотографии со него.
Татјана скоро никогаш не споделува фотки од синот, па објавата изненади многумина. Матеј, кој веќе има 26 години, Татјана го доби од првиот брак, со пејачот Благоја Грујовски.
Парот се раздели во 2007 година, но тие и понатаму се во добри односи.
Татјана, вторпат стапи во брак во 2023-та, на десетгодишнината од почетокот на заедничкиот живот со Михаил.
Погледнете повеќе фотографии од патувањето на Татјана и Матеј:
А. Ј. | Црнобело