Камила Кабејо си го сака телото и покрај критиките – гордо ги покажува облините и целулитот во танга бикини (фото)
- Детали
- четврток, 04 ноември 2021
Камила Кабејо ги покажа облините со сини танга бикини на плажа во Мајами, а со момчето Шон Мендез не ги тргаа рацете еден од друг.
Камила Кабејо и Шон Мендез, еден од омилените познати парови, не ги тргаа рацете еден од друг додека беа на плажа во Мајами, Флорида.
Камила, која одново и одново ги руши наметнатите стандарди за убавина со коишто се соочени жените, изгледаше одлично во природно издание без грам шминка, а ги „украде“ сите погледи облечена во сини танга бикини.
И покрај честите критики од јавноста на сметка на изгледот, пејачката гордо ги покажува облините и целулитот и воопшто не се грижи за негативните коментари.
Прочитајте повеќе: „Ние сме жени со облини и целулит“ – како Камила Кабејо ги замолчи сите кои ја критикуваа за опуштеното стомаче? (видео)
Парот е во врска околу две години, а со секое појавување во јавност покажуваат дека се мошне среќни заедно. Шон и Камила се бањаа, разговара, а споделија и неколку бакнежи.
Шон и Камила на плажа:
Спирова С. | Црнобело