Крвта не е вода: Порасна ќерката на Алесандра Амбросио – позира во бикини со мама на Хаваи (фото)
- Детали
- четврток, 15 август 2024
Некогаш малечкото девојче, порасна во прекрасна тинејџерка, која е на прагот на 16-тиот роденден и е мини копија на мама – двете изгледаат прекрасно додека позираат на одмор на Хаваи.
Алесандра Амбросио има две деца - ќерката Ања (15) и синот Ноа (11), кои од мали уживаат во прекрасните дестинации на плажа заедно со нивната мајка, која често знае да каже дека е „засекогаш на летен одмор“.
Но, некогаш малото девојче кое го гледавме на фотките со бразилскиот модел, денес е прекрасна тинејџерка, која ја наследила убавината и гените од мама.
На крајот на август, прекрасната Ања ќе наполни 16 години, а периодов заедно со братчето уживаат на одмор со Алесандра, неколку нејзини пријателки и нивните деца на Хаваи.
Двете убавици позираат на плажа во костими за капење, но и додека ги истражуваат убавините на островот.
Погледнете повеќе фотки од нивниот одмор:
M. M. | Црнобело