Кога сопругата ти е речиси 40 години помлада од тебе, но ти добро се држиш (фото)
- Детали
- среда, 16 април 2025
Тие стапија во брак во 2023-та година на интимна церемонија во нивната вила на островот Миконос во Грција, а сега беа фотографирани на плажа во Мајами. Долф Лундгрен (67) изгледа одлично покрај саканата (28), по неговата борба со ракот.
Долф Лундгрен и неговата сопруга Ема Крокдал неодамна беа фотографирани како уживаат на плажа во Мајами, а фотографиите станаа вирален хит.
Разликата на парот од речиси 40 години секогаш е тема на дебата, но тие очигледно добро се согласуваат, а Ема му беше поддршка на Долф да се избори со ракот.
Ѕвездата на „The Expendables“ сега има 67 години, а неговата сопруга е 28-годишна фитнес тренерка од Норвешка, која живее и работи во Лос Анџелес, САД.
Таа претходно се обидела да се занимава со глума, но се пренасочила кон фитнес индустријата.
Шведскиот актер, најпознат по улогата во Rocky IV, се ожени со својата партнерка Ема Крокдал на 13 јули 2023 година, на интимна церемонија во нивната вила на Миконос во Грција.
Парот се запознал во 2019 година во теретана во Лос Анџелес, а се свршиле во јуни 2020.
Повеќе фотографии од нив:
С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





