Анџелина Џоли гордо позира со ќерката која се откажа од презимето на Бред – Вивиен е копија на мама (фото)
- Детали
- петок, 31 мај 2024
Неколку дена откако биолошката ќерка на Анџелина и Бред, Вивиен, се откажа од презимето на татко ѝ, таа позира со мама на црвен тепих и покажа дека е копија на Џоли.
Анџелина Џоли и нејзината ќерка Вивиен, во четвртокот заедно се појавија на премиера на филм во Лос Анџелес.
На настанот тие дојдоа облечени во слични модни комбинации – Анџелина во одело со маичка со испринтана кравата, а Вивиен во комплет со елече и кошула, искомбинирано со патики.
На црвениот тепих тие позираа заедно со актерката Кристен Бел, а мајката и ќерката блескаа со нивните идентични насмевки.
Инаку, ова е прво нивно појавување откако пред неколку дена се обелодени дека и Вивиен се откажа од презимето на нејзиниот татко Бред Пит.
Во мјузикл на Бродвеј, кој е продуциран од Анџелина Џоли, со помош на нејзината ќерка која се образува во театарската бранша, таа е потпишана како Вивиен Џоли, наместо Вивиен Џоли-Пит како што беше досега.
Претходно, Захара и Медокс се откажаа од презимето на нивниот татко Бред, а сега наводно и Шајло поднела документи со истото барање.
Погледнете повеќе фотографии од Анџелина и Вивиен на премиерата:
М. М. | Црнобело