Копија на мама Џоли – Ќерката на Анџелина и Бред Пит со долга коса по момчешкиот имиџ (фото)
- Детали
- вторник, 08 април 2025
Минатата година често се појавуваше со кратка коса откако претходно му се врати на женствениот стил, па сега повторно прави промени – со долга коса и плетенки како мама во улога на Лара Крофт, Шајло покажа дека е вистинска убавица, копија на Џоли.
Со причина сите велат дека Шајло навистина го зема најубавото од Пит и од Џоли – но единственото нешто што остана од татко ѝ се неговите гени, откако се откажа од неговото презиме кога наполни 18 години.
Сега 18-годишната девојка покажа дека е вистинска убавица и копија на мама, откако се појави со променет имиџ и долга коса.
Таа е забележана заедно со пријатели како седи пред студио за танцување, со две плетенки во косата, во стилот на Лара Крофт, која ја глумеше нејзината мајка.
Шајло низ годините многупати го менуваше стилот, сакаше да го промени и полот, се облекуваше момчешки и косата ја носеше кратка, слично како Анџелина во младоста.
Но, во последно време повеќе експериментира со стилот па знаеше да изненади со женствен аутфит во фустан за настаните на црвен тепих со Џоли и останатите браќа и сестри.
Прочитајте повеќе: Сакаше да го смени полот, израсна во женствена тинејџерка - трансформацијата на Шајло Џоли Пит низ годините (фото)
Сепак, откако во 2024 ја гледавме со кратка руса коса, сега светските медиуми постојано ја „ловат“ во изданија со порасната коса и пишуваат дека секојпат повеќе личи на нејзината мајка.
Погледнете повеќе нови фотки од Шајло во април 2025:
М. М. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





