Ако ги споредите основните принципи на исламот и на христијанството, ќе забележите дека се речиси идентични. И покрај спротивното мислење кое преовладува меѓу луѓето, во светот постојат повеќе нешта кои нѐ поврзуваат отколку што нѐ раздвојуваат. Една од тие работи е религијата. Токму ова е основната тема на книгата „Една книга за мир“, која го собира учењето од светите книги Библија и Куран и преку нивно напоредно претставување покажува колку всушност се слични пораките во двете книги. ..