Срцето е осамен ловец - лична потрага по убавината!
Веднаш по објавувањето на својот прв роман, Срцето е осамен ловец, дваесет и три годишната Карсон МекКалерс станува книжевна сензација. Со продлабочено чувство за духовната изолација и емпатични проникнувања во внатрешните животи на ликовите, романот се смета за најдобро дело на МекКалерс.
Дејството на книгата е сместено во триесеттите години на минатиот век, а во средиштето се наоѓа глувонемиот Џон Сингер, кој станува човек од доверба во едно мало градче.
Секој од нив сака да избега од ограничениот живот што го нуди провинцијата. Осаменоста, страста и борбата со себеси се главни двигатели во романот. Бегството за поубаво утре кое ќе направи срцето да чука во поинаков ритам е она за кое што сите ликови сонуваат.
Дали преку уметноста се наоѓа човекот? Дали навистина сечие срце е осамен ловец? Талкач во ноќта кон некои нови неотркиени, но сепак одсонувани светови!
Прекрасно усогласена со духовна изолација што прецизно ја отсликува човечката состојба, авторката плете привлечна незаборавна приказна која им дава глас на отфрлените, заборавените и малтретираните. На тој начин пишува ода на тивката, интензивна, лична потрага по убавина.
Книгата може да ја најдете во издавачката куќа Магор.