3 книги што ќе ви донесат духовно богатство (и мирен ум)

Читате ли книги за самопомош и просветлување? Сакате ли да ги следите светските трендови во нефиктивните изданија и книгите за кои се зборува низ целиот свет? Тогаш овие три се само за вас...

3-knigi-shto-kje-vi-donesat-duhovno-bogatstvo-i-miren-um-01.jpg

Велат дека книгите се богатство, а овие три книги се едни од најпопуарните (во светски рамки) кога станува збор за четива кои ни носат духовни знаења и ни помагаат да го смириме умот, кој е растргнат од потребата за егзистенцијална сигурност, материјално богатство и љубов од соништата.

Кои три книги треба да ги прочитате за целосно да си ја промените перспективата на светот?

„8 правила на љубовта“ – Џеј Шети

Никој нема да седне до вас и да ве научи како треба да сакате и како треба да изгледа љубовта. Најчесто сите сме жртви на идеализираниот концепт за љубовта прикажан во романтичните филмови и романи и се водиме од правилата што ни ги прикажува поп-културата за да бидеме среќни.

Но, Џеј Шети во својата книга се обидува да ви сподели конкретни чекори што може да ви помогнат како да ја негувате љубовта во животот.

Тој ве учи како да поминете низ тешките периоди во животот, како да ја дефинирате љубовта и да не дозволите разделбите да ве скршат.

Ги разработува сите фази од љубовните врски и ве учи како да избегнете да заталкате по патеките на лажните убедувања и да се вљубите во партнери што не ве заслужуваат.

3-knigi-shto-kje-vi-donesat-duhovno-bogatstvo-i-miren-um-02.jpg

„101 лекција што ќе ви го сменат начинот на размислување“ – Бријана Вист

Мислите дека вашето минато ве дефинира како личност, и уште полошо, сметате дека таа реалност е непроменлива, а вистината е дека вашата перцепција за минатото се менува заедно со вас...

Во оваа книга Бријана ве учи зошто целта е поважна од страста, зошто негативните мисли некогаш се добри за нас, и зошто секојдневието има своја важност во нашите животи.

Станува збор за книга што ќе ви помогне да се ослободите од заблудите, ќе ве натера да се спознаете себеси и да бидете отворени за нови позитивни промени.

По оваа книга ќе имате чувство како да сте биле на терапија, ќе ви даде можност да созреете и длабоко да навлезете во себеси.

3-knigi-shto-kje-vi-donesat-duhovno-bogatstvo-i-miren-um-03.jpg

„Богатство што не се купува со пари“ – Робин Шарма

Книга која го редефинира поимот „успех“ и ве учи како да живеете исполнет живот следејќи ги осумте форми на богатство: раст, добросостојба, семејство, умешност, пари, заедница, авантура и услуга.

Книга која ќе ве научи дека вистинското богатство не е во вашата трансакциска сметка, луксузните автомобили и одмори.

Ќе сфатите дека луѓето што имаат просперитет всушност се многу сиромашни кога станува збор за она што е навистина важно во животот.

Книгата е полна со практични алатки и тактики што може целосно да ви го трансформираат животот и погледот на свет.

3-knigi-shto-kje-vi-donesat-duhovno-bogatstvo-i-miren-um-04.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Три книги за романтични души Постојат ликови во кои ќе се заљубите на прво читање и ќе ви бидат омилени уште ...
3 романи за роматични души што ќе ве разнежнат пред Валентајн Во пресрет на Денот на вљубените, зошто да не прочитате еден, или можеби сите тр...
3 книги што не би ѝ дозволила на ќерка ми да ги чита (додека е тинејџерка) Кои 3 книги воопшто немаат наивна содржина и не би сакал да ги видам во мојот до...
3 интригантни романи од Ксенија Николова во кои ќе уживаат и жените и мажите Нашата писателка Ксенија Николова неодамна го промовираше своето седмо дело, ром...
Три кралски приказни: Книги кои ќе ги прочитате за еден викенд Од робинка до кралица, тајна руска агентка во времето на Распутин, жена што се п...
3 љубовни приказни од Линдзи Келк за љубителите на „лесни“ книги Трите книги се дел од серијалот „Го сакам...“, во кој Анџела Кларк патува низ св...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg