3 интригантни романи од Ксенија Николова во кои ќе уживаат и жените и мажите

Нашата писателка Ксенија Николова неодамна го промовираше своето седмо дело, романот „Зад маските“. Ви предлагаме да го прочитате, заедно со уште 2 нејзини книги...

3-intrigantni-romani-od-ksenija-nikolova-vo-koi-kje-uzhivaat-i-zhenite-i-mazhite-01.jpg

Ксенија Николова, која важи за една од најплодните и најталентирани млади писатели, e позната по тоа што повеќето свои дела ги пишува во машки род.

Секогаш поинаква, впечатлива, интригантна и интересна со играта на зборови, Ксенија пишува романи во кои ќе уживаат и машките и женските читатели.

Овој пат ви предлагаме да прочитате 3 нејзини книги:

„Зад маските“

Четири жени живеат навидум идеален живот, но со години ги кријат темните тајни зад фасадите на своите среќни бракови во Њујорк. Сѐ до мигот кога бракот на Елен ќе се распадне и со тоа сите вистини ќе излезат на виделина.

Што се крие зад маските на нејзиниот сопруг и на нејзините пријатели? Ќе успее ли Елен да се избори со сите предизвици и да најде излез од својата темнина?

Овој роман ќе ве натера да си поставите многу прашања, да го преиспитате својот живот. Секоја страница открива нови пресврти и ве носи уште подлабоко во лавиринтот на неизвесноста.

3-intrigantni-romani-od-ksenija-nikolova-vo-koi-kje-uzhivaat-i-zhenite-i-mazhite-04.jpg

„Сите мажи ја сакаат Лиа“

Неговиот свет е превртен наопаку, но Лиа ќе го врати на место... Која е Лиа? И зошто сите мажи ја сакаат?

Ова е современ психолошки роман кој од старт ќе ве изненади и нема да ве остави рамнодушни до самиот крај.

На почетокот ќе мислите дека е како сите љубовни драми, но ова не е љубовна приказна раскажана од еден маж, туку книга која крие многу пораки кои ќе ве натераат да размислувате и да се пронајдете себеси.

3-intrigantni-romani-od-ksenija-nikolova-vo-koi-kje-uzhivaat-i-zhenite-i-mazhite-02.jpg

„Незадоволна“

Марго е несреќна, иако живее во Париз и е мажена за убав и успешен маж кого го обожава.

Но, како што минува времето таа почнува да чувствува празнина и сфаќа дека нејзиниот сопруг нема време за неа.

Решава да го остави, но тогаш се случува нешто поради што ќе сфати дека не само што не го познава својот сопруг, туку не се познава ни себеси.

3-intrigantni-romani-od-ksenija-nikolova-vo-koi-kje-uzhivaat-i-zhenite-i-mazhite-03_copy.jpg

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

3 романи за роматични души што ќе ве разнежнат пред Валентајн Во пресрет на Денот на вљубените, зошто да не прочитате еден, или можеби сите тр...
Три кралски приказни: Книги кои ќе ги прочитате за еден викенд Од робинка до кралица, тајна руска агентка во времето на Распутин, жена што се п...
3 љубовни приказни од Линдзи Келк за љубителите на „лесни“ книги Трите книги се дел од серијалот „Го сакам...“, во кој Анџела Кларк патува низ св...
3 трилери што нема да ви дадат мир додека не ги завршите Љубителите на крими романи и трилери може да прочитаат неколку нови книги кои се...
За секого по нешто: 3 книги што треба да ги имате на полицата Издвојуваме по една книга за секого: За безнадежните романтичари што сакаат да ч...
3 книги што ќе ви донесат духовно богатство (и мирен ум) Читате ли книги за самопомош и просветлување? Сакате ли да ги следите светските ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg