3 љубовни приказни од Линдзи Келк за љубителите на „лесни“ книги
Трите книги се дел од серијалот „Го сакам...“, во кој Анџела Кларк патува низ светот и влегува од една во друга авантура...
Британката Линдзи Келк веќе неколку години го пишува серијалот книги „Го сакам...“ и својата главна хероина, Анџела Кларк ја води на патувања и авантури насекаде низ светот.
Таа досега има објавено 11 романи, а меѓу најпознатите се „Го сакам Париз“, „Го сакам Лондон“, „Го сакам Њујорк“.
Овие три книги се нашата препорака оваа недела, а сигурни сме, ќе им се допаднат на сите љубители на лесни книги кои се читаат брзо:
Го сакам Њујорк
Анџела Кларк е деверица на свадбата на најдобрата пријателка, свршена е и чека нејзиното момче Марк да одреди датум за свадбата.
Но, светот ѝ се урива кога ќе го фати свршеникот на задното седиште на автомобилот со испотено лице и спуштени панталони.
Таа решава да побегнете таму каде што не е Марк и каде што ги нема „пријателите“ кои ја гледале во очи и ја лажеле - Анџела се сели во Њујорк.
Го сакам Лондон
Анџела Кларк е апсолутно вљубена во Америка, и покрај тоа што нејзиниот дом е Лондон.
Во Њујорк помина низ бројни бурни авантури со нејзиното момче Алекс, но работите конечно ѝ тргнаа на подобро - се наоѓа во најубавиот град на светот, има свршенички прстен и најверојатно ќе ја добие работата од соништата.
И покрај тоа, таа мора да се врати во Лондон и таа идеја ја вознемирува, иако се работи само за неколку дена.
Во Лондон е нејзиниот поранешен свршеник Марк, типот од кој побегна кога замина во Њујорк.
Го сакам Париз
Авантурата на Анџела продолжува во Париз, каде што нејзиниот свршеник Алекс добива понуда да свири на фестивал.
Но, работите тргнуваат наопаку уште во моментот кога ќе слетаат во градот на светлината.
Проблемите на аеродромот ќе ги реши лесно, но во Париз се појавува бившата девојка на Алекс, покрај која и светските манекенки се чувствуваат непривлечно.
А таа го сака својот некогашен дечко назад.
Анџела добива желба да побегне во Лондон, кој е само на неколку часа оддалечен од Париз.
А. Ј. | Црнобело