Книги со кои треба да ја отворите 2025-та - новата читачка сезона

Две сестри се грижат за себе бидејќи живеат со татко алкохоличар; две жени чиј живот се менува од корен поради торба со загубени чевли Кристијан Луботин; две жени се запознаваат на нибвниот 45-ти роденден, но случајното познанство се претвора во ужас за едната... Што да читате на почетокот на 2025-та?

knigi-so-koi-treba-da-ja-otvorite-2025-ta-novata-chitachka-sezona-01.jpg

Новата година за многумина значи и нова енергија. Па во деновите кога си ветувате на самите себеси дека ќе смените некои стари навики или ќе продолжите со оние добрите, сигурно на листата ви се и книгите и читањето.

Ако сте од оние што обожаваат да читаат, тогаш во препорачуваме 3 книги со кои можете да ја отворите новата читачка сезона.

Доколку, пак, се убедувате себеси дека треба да читате повеќе, барем една од овие книги нека се најде прва на вашата листа - нема да зажалите.

„Во нечии други чевли“ - Џоџо Мојес

Ниша Кантор живее удобен живот во светот на богатите, сè додека нејзиниот сопруг ненајдено не ѝ побара развод.

И покрај големиот пресврт, таа е решена да продолжи да живее гламурозен живот.

Но, Ниша, во меѓувреме ќе открие дека ѝ недостасуваат најомилените чевли.

Сем Кемп, пак, е жена која очајно се бори да преживее во животот.

Таа едвај има време за себе, не па да се грижи за торбата која по грешка ја зела во фитнес-центарот, наместо својата.

Но, кога ја отвора торбата, внатре здогледува црвени крокодилски чевли од Кристијан Луботин, доживува шок и како ги облекува ѝ се качува самодовербата.

Во тој момент, Сем сфаќа дека нешто мора да промени - а тоа нешто е таа самата.

Оваа приказна исполнета со сплетки, недоразбирања и грешки, но и полна со препознатливиот хумор на Џоџо Мојес, ќе ве замисли, расположи и можеби ќе ве поттикне и вас на мала промена.

knigi-so-koi-treba-da-ja-otvorite-2025-ta-novata-chitachka-sezona-03.jpg

„Ѕвездена порта“ - Ингвилд Х. Рисхој

Оваа невообичаена и длабока божиќна приказна, раскажува за празничните чуда кои луѓето ги посакуваат.

Приказната е раскажана низ очите на 10-годишната Роња, која живее со својата постара сестра Мелиса и со таткото алкохоличар.

Иако нивниот татко ги сака, сестрите се соочени со постојана закана од социјалните служби да ги земат, бидејќи тој нема редовна работа.

Роња дознава дека има отворена позиција за продажба на новогодишни елки и дека наскоро фрижидерот ќе биде полн со храна, а татко ѝ се враќа од работа насмеан и прекриен со борови иглички.

Но, кога тој ќе добие празничен аванс, му се враќа на алкохолот и ја запоставува работата.

Тогаш, постарата сестра Мелиса се решава да ги земе работите во свои раце, да оди на работа наместо татко и откако ќе заврши со училишните обврски, а Роња одлучува да ѝ прави друштво.

Набрзо таа станува заштитното лице на плацот каде што се продаваат елките.

Двете сестри се обидуваат да го живеат животот најдобро што умеат, станувајќи си поддршка една на друга, и сонувајќи за поведри денови и судбина што ќе им даде нова шанса.

knigi-so-koi-treba-da-ja-otvorite-2025-ta-novata-chitachka-sezona-04.jpg

„Ништо од ова не е вистина“ - Лиса Џул

На прославата на четириесет и петтиот роденден во едно локално кафуле, популарната водителка на подкасти, Аликс Самер се среќава со Џози Фер, скромна жена која, исто така, го прославува својот 45-ти роденден.

Тие се, всушност, близначки по денот на раѓање.

Неколку дена подоцна, Аликс и Џози повторно се среќаваат случајно, овој пат пред училиштето во кое учат децата на Аликс.

Џози во меѓувреме ги преслушала подкастите на Аликс, па ѝ кажува дека таа и нејзиниот живот би можеле да бидат интересна тема во нејзиниот серијал, бидејќи планира да направи спектакуларни промени во својот живот.

Животот на Џози делува чуден и комплициран, и иако Аликс се чувствува вознемирено и непријатно, таа не може да му одолее на искушението да го сними подкастот.

Постепено, Аликс почнува да сфаќа дека Џози крие многу мрачни тајни, и уште пред да се свести што се случува Џози е веќе длабоко инволвирана во нејзиниот живот, но и во нејзиниот дом.

Џози набргу исчезнува, а Аликс дури тогаш открива дека таа има ужасно и застрашувачко минато, но и дека сега Аликс го изложува својот и животот на нејзиното семејство на смртна закана.

knigi-so-koi-treba-da-ja-otvorite-2025-ta-novata-chitachka-sezona-02_copy.jpg

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Три книги за романтични души Постојат ликови во кои ќе се заљубите на прво читање и ќе ви бидат омилени уште ...
3 книги што не би ѝ дозволила на ќерка ми да ги чита (додека е тинејџерка) Кои 3 книги воопшто немаат наивна содржина и не би сакал да ги видам во мојот до...
Три кралски приказни: Книги кои ќе ги прочитате за еден викенд Од робинка до кралица, тајна руска агентка во времето на Распутин, жена што се п...
3 љубовни приказни од Линдзи Келк за љубителите на „лесни“ книги Трите книги се дел од серијалот „Го сакам...“, во кој Анџела Кларк патува низ св...
3 предлог книги за романтични души (нема да ви дадат сон додека не ги довршите) Ако сте романтичари во душа, кои веруваат во тоа дека вистинската љубов секогаш ...
3 книги што ќе ви донесат духовно богатство (и мирен ум) Читате ли книги за самопомош и просветлување? Сакате ли да ги следите светските ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg