3 предлог книги за романтични души (нема да ви дадат сон додека не ги довршите)

Ако сте романтичари во душа, кои веруваат во тоа дека вистинската љубов секогаш победува, овие 3 романи ќе ве освојат со секоја страница.

3-predlog-knigi-za-romantichni-dushi-nema-da-vi-dadat-son-dodeka-ne-gi-dovrshite-01.jpg

Емотивни приказни, комични моменти, неочекувани пресврти.

Овие три романи се наменети за оние читатели кои сакаат да го посветат слободното време на модерните бајки, каде по низа перипетии, протагонистите сепак ја наоѓаат својата сродна душа и тоа таму, каде што најмалку ја очекуваат.

Секоја страница носи нова доза надеж за непоправливите романтичари, а веруваме дека секој од овие три романи ќе ги прочитате во еден здив:

„Безобразни писма“ – Вај Киленд

Лука и Грифин се запознаваат уште како деца, додека се допишувале и разменувале писма.

Иако се целосно различни и живеат на различни континенти, Лука во САД, а Грифин во Велика Британија, тие двајца растат заедно преку писмата што редовно ги споделуваат меѓу себе.

Кога Лука ќе доживее голема трагедија во последната година од средното образование, нејзиниот живот се менува од корен и таа заборава на момчето со кое се допишувала со години, па воопшто не одговара на неговите писма.

Но, по 8 години Лука ќе го добие новото „безобразно“ писмо, во кое е собран сиот гнев од претходните години.

Тие двајца почнуваат пак да се допишуваат, но наместо пријателските размени од минатото, нивните писма добиваат сосема поинаква димензија – полни се со страст и неисполнети фантазии…

Токму тие писма ќе доведат до првата средба на парот.

Но, дали по толку години допишување ќе следи разочарување, или остварување на сите соништа?

3-predlog-knigi-za-romantichni-dushi-nema-da-vi-dadat-son-dodeka-ne-gi-dovrshite-02_copy.jpg

„Љубов во Тел Авив“ – Сандра Малетски

Нашата писателка и инфлуенсерка Сандра Малетски годинава го објави нејзиниот роман, насловен „Љубов во Тел Авив“, кој задолжително треба да го прочитате.

Приказна за фотографката Луна, која откако ќе ѝ биде скршено срцето одлучува да замине на патување со пријателките, каде што ќе го сретне згодниот странец Бен.

Двајцата протагонисти треба да се изборат со сопствените емоции, да научат да веруваат повторно и да научат да започнат нов живот.

Дали крајот на една приказна, значи почеток на нешто ново и поубаво, или пак е нова можност за ново разочарување?

3-predlog-knigi-za-romantichni-dushi-nema-da-vi-dadat-son-dodeka-ne-gi-dovrshite-03.jpg

„Со секој здив“ – Николас Спаркс

Авторот на познатиот роман The Notebook ве носи на ново патување, каде една случајна средба станува миг кој носи пресврт во животите на двајца луѓе.

Хоуп Андерсон е на раскрсница. Таа има 36 години, а веќе 6 години е во врска со нејзиниот дечко, кој е ортопедски хирург.

Со оглед на тоа што нејзиниот дечко нема намера да стапат во брак, а татко ѝ ненадејно добива неочекувана дијагноза, Хоуп заминува во семејната колиба во Северна Каролина, за да ја подготви за продажба, но и да размисли за важните одлуки за иднината.

Тру Волс по сплет на околности ќе се најде во истото место во Северна Каролина.

Токму тука, нивните патишта се преплетуваат и ја пишуваат романтичната приказна. Секој од нив има свои соништа и желби, а ќе се соочат со прашањето: „Колку долго може да живее еден сон?“

3-predlog-knigi-za-romantichni-dushi-nema-da-vi-dadat-son-dodeka-ne-gi-dovrshite-04.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

3 романи за роматични души што ќе ве разнежнат пред Валентајн Во пресрет на Денот на вљубените, зошто да не прочитате еден, или можеби сите тр...
Три кралски приказни: Книги кои ќе ги прочитате за еден викенд Од робинка до кралица, тајна руска агентка во времето на Распутин, жена што се п...
3 трилери што нема да ви дадат мир додека не ги завршите Љубителите на крими романи и трилери може да прочитаат неколку нови книги кои се...
3 интригантни романи од Ксенија Николова во кои ќе уживаат и жените и мажите Нашата писателка Ксенија Николова неодамна го промовираше своето седмо дело, ром...
3 книги што не би ѝ дозволила на ќерка ми да ги чита (додека е тинејџерка) Кои 3 книги воопшто немаат наивна содржина и не би сакал да ги видам во мојот до...
3 кратки класични романи (што секој интелектуалец треба да ги прочита) Сакате да читате класици, но ве фаќа уплав од големите и обемни дела на познатит...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg