Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


3 мистериозни романи за велигденскиот викенд

Необични и испреплетени судбини, тајни кои се кријат со години, вел на мистерија... овие три книги се одличен избор ако барате што да прочитате овие денови.

3-misteriozni-romani-za-veligdenskiot-vikend-01.jpg

Ако сте во потрага по добар роман кој ќе ви го привлече вниманието, тогаш една од овие три книги сигурно е за вас. 

Малку мистерија, испреплетени судбини, приказни од минатото кои се поврзуваат со сегашноста... 

Овие три романи се нашата нова препорака:

„Ветрот го знае моето име“ од Изабел Аљенде

Оваа приказна поврзува два различни света, две различни времиња, но еднаква болка.

Во 1938 година, Самуел Адлер, шестгодишно дете, ја напушта нацистички окупираната Виена, спасувајќи се на последниот воз за Велика Британија.

Со себе ја носи само својата виолина и надеж за подобро утре.

Во 2019 година, 7-годишната Анита Дијаз, слепа и изгубена, бега од насилството во Ел Салвадор.

Но, поради ужасната политика за разделување семејства, таа завршува сама во бегалски камп во САД.

Љубовта, надежта и врските на семејството ќе ги спојат овие два света и притоа ќе откријат една голема тајна.

Романот дава моќен поглед на војната и силата на детската имагинација.

3-misteriozni-romani-za-veligdenskiot-vikend-02.jpg

„Серенада за Надја“ од Зулфу Ливанели

Темата во овој емотивен роман е инспириран од катастрофата на бродот „Струма“ во 1942 година, кога 800 Евреи бегалци загинале на пат кон Палестина.

Во 2001 година, Маја Дуран, самохрана мајка, вработена на Универзитетот во Истанбул, се грижи за Максимилијан Вагнер, стар германски професор.

Постепено, таа ја открива трагичната приказна за неговото минато и темните спомени кои го следат, поврзувајќи ја неговата судбина со загубената љубов и кризата на бегалците од Втората светска војна.

3-misteriozni-romani-za-veligdenskiot-vikend-04.jpg

„Кога лажев за последен пат“ од Рајли Сејгер

Пред 15 години, тогаш 14-годишната Ема била последна што ги видела своите три пријателки пред да исчезнат без трага од летниот камп „Најтингејл“.

Единственото што останало од нив се нејзините лажни сведоштва.

Денес, како возрасна уметничка, Ема се враќа во кампот, решена да ја открие вистината за тоа што им се случило на девојчињата.

Но, минатото не е мртво - нови девојки исчезнуваат, старата мистерија повторно оживува, а некој знае каква тајна скрила Ема пред една и пол деценија.

3-misteriozni-romani-za-veligdenskiot-vikend-03.jpg

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

3 романи со божиќна тематика, за непоправливите романтичари Историски роман за еден вообразен маж кој сака да ја освои својата идна сопруга,...
3 романтични книги за деновите кога сакате да се опуштите Што сакаме да читаме кога се опуштаме? Сигурно нема да се зафатиме со некои тешк...
3 предлог книги за романтични души (нема да ви дадат сон додека не ги довршите) Ако сте романтичари во душа, кои веруваат во тоа дека вистинската љубов секогаш ...
3 книги што не би ѝ дозволила на ќерка ми да ги чита (додека е тинејџерка) Кои 3 книги воопшто немаат наивна содржина и не би сакал да ги видам во мојот до...
3 романи што (целосно) ќе ви го сменат погледот кон светот Работите не се такви како што изгледаат на интернет. Навидум невидливиот живот н...
3 љубовни приказни од Линдзи Келк за љубителите на „лесни“ книги Трите книги се дел од серијалот „Го сакам...“, во кој Анџела Кларк патува низ св...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg