3 романи со божиќна тематика, за непоправливите романтичари

Историски роман за еден вообразен маж кој сака да ја освои својата идна сопруга, писателка која заради една непромислена изјава ќе си создаде вистински хаос во животот и девојка која сака да побегне од фармата каде што живее… Три различни божиќни приказни, но одлични за читателите на кои им треба доза романтика.

3-romani-so-bozhikjna-tematika-za-nepopravlivite-romantichari-01.jpg

Новогодишните и божиќните празници ни се на прагот.

Веќе на големо се разговара и се резервираат локации за предновогодишни забави, во продавниците почнаа да се продаваат декорации, а љубителите на книгите со нетрпение ги очекуваат новите понуди во книжарниците.

Доколку сте обожаватели на книги со божиќна тематика, овие три романи секако ќе ви се допаднат.

Можете да уживате во нив и да си дозволите да ве зафати претпразничната еуфорија.

„Еден незаборавен Божиќ“ – Лиса Клејпас

Романтична приказна за Американецот Рејф Боуман кој доаѓа во Лондон да се запознае со леди Натали Бланфорд, пристојна девојка од угледно англиско семејство.

Девојката е воодушевена од изгледот на момчето што сака да ја побара за жена, но неговиот американски начин на однесување и лошата репутација се пречка за бракот да се склопи.

Рејф за да може да ја освои својата идна сопруга, ќе мора да научи како соодветно да се однесува во лондонските кругови.

Помошта доаѓа од четирите поранешни стари моми: Лилијан, Иви, Анабел и Дејзи, кои се наоѓаат во улога на стројници.

Рејф ќе мора да научи дека некогаш работите не паѓаат од небо.

3-romani-so-bozhikjna-tematika-za-nepopravlivite-romantichari-02_copy.jpg

„Божиќ засекогаш“ – Карен Шалер

Карен Шалер е позната американска писателка и сценаристка која пишувала сценарија за божиќни филмови за Нетфликс и Халмарк.

Романот „Божиќ засекогаш“ е сконцентриран на приказната на писателката Рајли Рејнолдс, која додека го промовира својот најнов роман ќе се најде во мошне непријатна ситуација.

Во гостување на националната телевизија, неа ќе ја прашаат како може да пишува за љубовта кога и таа сама сè уште не го нашла „вистинскиот“.

Обидувајќи се да се снајде во ситуацијата, таа ќе каже дека во минатото имала голема љубов која ѝ е инспирација за тоа што го работи.

Рајли не е ниту свесна дека со оваа изјава ќе си предизвика вистински хаос, затоа што тројца нејзини поранешни дечковци ќе дојдат на настан што таа го организира за Божиќ, решени да го променат крајот на својата приказна…

3-romani-so-bozhikjna-tematika-za-nepopravlivite-romantichari-03.jpg

„Божиќ во големиот, блескав град“ – Мери Кеј Ендрјуз

Кери Толивер живее на фарма за божиќни елки во Северна Каролина. Но, штом ќе дојде есента, таа заминува во Њујорк, за да му помогне на брат ѝ да ги продадат елките на Менхетн.

Животот во малиот кампер и блескавиот град се доволни за да ја натераат таа да почне да размислува како да остане таму.

Брзо се спријателува со соседите што живеат до нивниот штанд, па дури и ќе треба да се вклучи со нив и да им помага во миговите кога ќе се најдат во неволја.

Дополнително, ситуацијата се комплицира кога во нејзиниот живот ќе се појави Патрик, самохран татко на младото момче Остин.

Кери и Патрик се сигурни дека меѓу нив постои хемија, но не се сигурни дека оваа празнична романса би можела да има некаква иднина.

3-romani-so-bozhikjna-tematika-za-nepopravlivite-romantichari-04.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

3 романи за роматични души што ќе ве разнежнат пред Валентајн Во пресрет на Денот на вљубените, зошто да не прочитате еден, или можеби сите тр...
Три кралски приказни: Книги кои ќе ги прочитате за еден викенд Од робинка до кралица, тајна руска агентка во времето на Распутин, жена што се п...
3 романтични книги за деновите кога сакате да се опуштите Што сакаме да читаме кога се опуштаме? Сигурно нема да се зафатиме со некои тешк...
3 интригантни романи од Ксенија Николова во кои ќе уживаат и жените и мажите Нашата писателка Ксенија Николова неодамна го промовираше своето седмо дело, ром...
3 романи што (целосно) ќе ви го сменат погледот кон светот Работите не се такви како што изгледаат на интернет. Навидум невидливиот живот н...
3 книги што не би ѝ дозволила на ќерка ми да ги чита (додека е тинејџерка) Кои 3 книги воопшто немаат наивна содржина и не би сакал да ги видам во мојот до...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg