3 трилери што нема да ви дадат мир додека не ги завршите

Љубителите на крими романи и трилери може да прочитаат неколку нови книги кои се преведени на македонски јазик, а кои не треба да се пропуштат.

3-trileri-shto-nema-da-vi-dadat-mir-dodeka-ne-gi-zavrshite-01.jpg

Ако сте љубители на трилери и крими романи, тогаш ви предлагаме да прочитате два романи од светски автори, како и еден од нашиот млад автор Благоја Стојков, кој веќе го има својот четврти роман.

3 трилери што нема да ви дадат мир:

„Фифти фифти“ – Стив Кавана

Овој роман според читателите важи за еден од најдобрите што Стив Кавана го напишал, во кој имате можност да се сретнете со добро изградени ликови, злобни, интригантни, кои нема да ви дадат мир.

Александра Авелино се јавува во полиција и вели дека го нашла мртвото тело на нејзиниот татко, и верува дека сестра ѝ Софија го убила.

Софија Авелино се јавува во полиција и вели дека го нашла мртвото тело на нејзиниот татко, и верува дека сестра ѝ Александра го убила.

На сите им е јасно дека една од двете сестри лаже – но која е таа? Која е злобната, а која е добрата сестра во приказната?

3-trileri-shto-nema-da-vi-dadat-mir-dodeka-ne-gi-zavrshite-02.jpg

„Ехо на споделеното лудило“ – Благоја Стојков

Во јуни годинава, младиот Благоја Стојков го промовираше својот нов крими роман, насловен „Ехо на споделеното лудило“.

Романот ја следи приказната на Елза Вилоу која е очајна кога ќе дознае за смртта на нејзиниот сопруг, а ја измачува тоа што неговото тело го нема никаде – само голема локва крв и човечко срце во неговиот кадилак.

Таа сосема случајно ќе ја открие поврзаноста меѓу сопругот и Брент Брајсон, поранешен криминалистички психолог, чија 8-годишна ќерка исчезнала под мистериозни околности.

Уверена дека постои некаква поврзаност помеѓу случајот на неговата ќерка и нејзиниот сопруг, таа го убедува Брент да започнат истрага за тоа што навистина се случило со нив.

3-trileri-shto-nema-da-vi-dadat-mir-dodeka-ne-gi-zavrshite-03.jpg

„Плен“ - Ирса Сигурдардотир

Трилер на исландската авторка од кој се смрзнува крвта и за кој не се препорачува да го читате доцна навечер (затоа што нема да ви даде сон).

Ќе имате можност да прочитате мрачен нордиски трилер, со примеси на хорор, во кој приказната започнува откако спасувачки тим е пратен во зафрлена исландска висорамнина во потрага по група исчезнати луѓе.

Сите се прашуваат што е она ги натерало двата брачни пара да го напуштат набрзина засолништето и каде се упатиле.

Станува збор за роман што се раскажува од три различни перспективи, и во два различни временски периода, а на крај сѐ се вклопува во расплетот.

Станува збор за дело што сигурно долго ќе ве држи залепени за столче и нема да ви даде мира додека не откриете што навистина се случило.

3-trileri-shto-nema-da-vi-dadat-mir-dodeka-ne-gi-zavrshite-04.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

3 помалку познати книжевни класици што вреди да им дадете шанса Кога ќе се спомне Франц Кафка, сигурно веднаш помислувате на романот „Процес“, н...
3 книги за сечиј вкус, кои нема да ви дадат мир додека не ги прочитате Роман кој зборува за срушените идеали на нашите иселеници кои заминуваат во стра...
3 романтични книги за деновите кога сакате да се опуштите Што сакаме да читаме кога се опуштаме? Сигурно нема да се зафатиме со некои тешк...
3 романи за роматични души што ќе ве разнежнат пред Валентајн Во пресрет на Денот на вљубените, зошто да не прочитате еден, или можеби сите тр...
3 романи со божиќна тематика, за непоправливите романтичари Историски роман за еден вообразен маж кој сака да ја освои својата идна сопруга,...
Најдобрите љубовни романи на сите времиња (според кои се снимени и филмови) Можете да прочитате некои од безвременските љубовни класици, или пак да им дадет...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg