3 помалку познати книжевни класици што вреди да им дадете шанса

Кога ќе се спомне Франц Кафка, сигурно веднаш помислувате на романот „Процес“, но и неговиот роман „Америка“ е подеднакво добар и вреди да му се даде шанса.

3-pomalku-poznati-knizhevni-klasici-shto-vredi-da-im-dadete-shansa-01.jpg

Ако сте од оние читатели што избираат да читаат само квалитетна литература, од книжевните великани, тогаш овие романи со сигурност веднаш ќе ви се допаднат.

Во продолжение издвојуваме 3 помалку познати книжевни класици на кои вреди да им дадете шанса:

„Америка“ – Франц Кафка

Кога ќе се спомне името на Франц Кафка, веднаш помислувате на романот „Процес“, најверојатно затоа што сите сме се запознале со него во рамки на часовите по македонски јазик и литература во средното образование.

Романот „Америка“ е првиот и можеби најведар роман на чешкиот писател на кој вреди да му се даде шанса, а зборува за Америка како земјата од соништата и американскиот сон.

Приказната се врзува за 17-годишниот Карл Росман кој по засрамувачката авантура со слугинката, од родителите е принуден „да си ги спакува куферите“ и да замине во земјата со голем број можности.

Дејствието се случува на почетокот на 20-тиот век и ако очекувате реален приказ на САД од тоа време тоа нема да го добиете.

Но, ќе имате можност да го проследите визионерското видување на писателот за тоа што ќе се случува со оваа магична земја, на чиешто тло и ден-денес голем број млади луѓе копнеат да стапнат.

3-pomalku-poznati-knizhevni-klasici-shto-vredi-da-im-dadete-shansa-02_copy.jpg

„Коцкар“ – Ф. М. Достоевски

Достоевски важи за писател што најдлабоко ја познава човечката душа, а инспирацијата за овој роман ја црпи најверојатно од сопствените пороци.

Добро е познато дека писателот и сам имал големи проблеми и коцкарски долгови, па затоа лесно се олицетворува во главниот лик Алексеј Иванович, млад учител кој ќе го прокоцка целото свое богатство.

Роман во кој можеме одблиску и реално да проследиме со какви интимни промислувања се соочува човекот кој едноставно не може да застане против сопствените пороци, кога ќе се соочи со ситуација во која може да ја загуби жената што навистина го сака.

Уште еден класичен роман со вечно актуелна тема, кој вреди да се прочита.

3-pomalku-poznati-knizhevni-klasici-shto-vredi-da-im-dadete-shansa-03.jpg

„На работ од паметот“ – Мирослав Крлежа

Уште еден роман што ќе им се допадне на сите оние што сакаат да читаат романи исполнети со голем број прашања поврзани со општествениот живот.

Ова е роман што за првпат бил објавен во 1938-ма година во Загреб, а е единствениот роман на Крлежа што е напишан во прво лице еднина, од перспектива на еден доктор по правни науки.

Тој заради своите бунтовнички ставови ќе дојде во конфликт со општеството, затоа што само во таквиот отпор ја наоѓа смислата на животот.

Во романот е препознатлив карактеристичниот саркастичен и ироничен пристап на Крлежа.

Но овојпат, тој е насочен кон човековата глупост и луѓето што ги смета за маски, затоа што се однесуваат во согласност со јавното лудило, кои се аморални и користољубиви поединци и кои не се спротивставуваат на ништо, па дури ниту на убиство.

3-pomalku-poznati-knizhevni-klasici-shto-vredi-da-im-dadete-shansa-04.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

3 романи за роматични души што ќе ве разнежнат пред Валентајн Во пресрет на Денот на вљубените, зошто да не прочитате еден, или можеби сите тр...
3 интригантни романи од Ксенија Николова во кои ќе уживаат и жените и мажите Нашата писателка Ксенија Николова неодамна го промовираше своето седмо дело, ром...
3 книги за сечиј вкус, кои нема да ви дадат мир додека не ги прочитате Роман кој зборува за срушените идеали на нашите иселеници кои заминуваат во стра...
3 романи што (целосно) ќе ви го сменат погледот кон светот Работите не се такви како што изгледаат на интернет. Навидум невидливиот живот н...
3 романи со божиќна тематика, за непоправливите романтичари Историски роман за еден вообразен маж кој сака да ја освои својата идна сопруга,...
3 романтични книги за деновите кога сакате да се опуштите Што сакаме да читаме кога се опуштаме? Сигурно нема да се зафатиме со некои тешк...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg