Првата поетска книга од младата авторка и поетеса Викторија Стојовска - „Парчиња од себеси“

Деновиве од печат излезе „Парчиња од себеси“ - првата поетска книга од младата авторка и поетеса Викторија Стојовска

prvata-poetska-kniga-od-mladata-avtorka-i-poetesa-viktorija-stojovska-parchinja-od-sebesi-01.jpg

За она што се сака, што ранува и лекува, што се носи длабоко во душата Викторија Стојовска раскажува во поетско дело ПАРЧИЊА ОД СЕБЕСИ, дело кое е склоп на прозни дела, кратки дијалози и кратки приказни инспирирани од реалноста.

Делото е дел од Современата македонска книжевност и едицијата „Книжевни меридијани“ и е носител на наградата „Душата на чаршијата“, на конкурсот распишан од издавачката куќа „Дата песнопој“ од Битола.

Книгата и настаните кои таа ги содржи се напишани низ подолг временски период, а секој расказ е посебен и носи своја приказна и поука, иако се неповрзани и различни во едно нешто се слични: да допрат до сечие срце.

Ви посакуваме да уживате во читањето на ова прозно дело напишано со чиста искреност и емоција, во кое со сигурност ќе се пронајде секој од вас.

Делото наскоро ќе добие и своја официјална промоција, на која ќе може да се дружите со авторката и да добиете примерок од книгата, за која ќе бидете навредено известени

prvata-poetska-kniga-od-mladata-avtorka-i-poetesa-viktorija-stojovska-parchinja-od-sebesi-02_copy.JPG

Како сега да дојдете до примерок?

Моментално книгата може да се порача директно преку самата авторка на некој од нејзините онлајн профили: https://www.instagram.com/viktorija.stojovska и https://www.instagram.com/vstojovskaa

Или на нејзината меил адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. 

Кратка биографија за авторката

Викторија Стојовска доаѓа од Кичево.

Активно твори седум години, зад себе има голем опус на литературно творештво, учества на повеќе литературни манифестации и освоени награди.

Нејзината кариера како писателка се должи на кратките инспиративни автобиографски текстови (проза и поезија) како и колумни на македонски веб-страни. Карактеристично за неа е тоа што нејзините дела се познати по кратките скриени пораки кои ги носат во себе, срцепарателни зборови сместени во кратки приказни во кои секој може да се пронајде. Тие несомнено се инспирирани од нејзиниот живот, но сепак настаните што ги раскажува се плод и од туѓи животи, туѓи приказни кој во неа разбраниле некоја инспирација.

Во 2020 година го отвора својот литературен блог и активно го одржува до денес, на него може да прочитате повеќе за творештвото од авторката: viktorijastojovskaa.wordpress.com

Би можело да ве интересира:

3 книги што може да ги подарите за 8-ми Март Цветот ќе овене, добрата книга со посвета ќе остане спомен засекогаш. На вашите ...
3 книги што не би ѝ дозволила на ќерка ми да ги чита (додека е тинејџерка) Кои 3 книги воопшто немаат наивна содржина и не би сакал да ги видам во мојот до...
3 книги што ќе ви донесат духовно богатство (и мирен ум) Читате ли книги за самопомош и просветлување? Сакате ли да ги следите светските ...
3 одлични книги за самопомош, што ќе ви ги откријат тајните за поголем душевен мир Како да научите да се ослободите и да побегнете од перфекционистичките очекувања...
Предлог наслови од познатите Македонци: Која книга им оставила најголем впечаток? Кои им се омилени книги на познатите Македонци? Која е една книга што им оставил...
3 интригантни романи од Ксенија Николова во кои ќе уживаат и жените и мажите Нашата писателка Ксенија Николова неодамна го промовираше своето седмо дело, ром...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg