Предлог наслови од познатите Македонци: Која книга им оставила најголем впечаток?

Кои им се омилени книги на познатите Македонци? Која е една книга што им оставила огромен впечаток? Погледнете го изборот на Игор Џамбазов, Снеже Велков, Драган Спасов – Дац, Елена Ристеска и Кире Лазаров.

predlog-naslovi-od-poznatite-makedonci-koja-kniga-im-ostavila-najgolem-vpechatok-01.jpg

Која книга им оставила најголем впечаток на некои од нашите познати Македонци?

Во рамки на рубриката CRNOBELO Лексикон, нашите познати личности одговараат на прашањето која им е омилена книга, а во продолжение издвојуваме 5 книги од нивниот избор што топло ви ги препорачуваме да ги прочитате.

Игор Џамбазов и Снеже Велков

„Малиот принц“ – Антоан Де Сент Егзипери

Додека Игор не дава коментар зошто ја избрал токму оваа книга, за Снеже таа е мала книга која ја содржи суштината на целиот живот.

Инаку, за оние што не знаат „Малиот принц“ ја раскажува приказната за главниот лик кој во детството нацртал два цртежа кои возрасните не можеле да го разберат.

Подоцна, кога тој пораснал, станал пилот и почнал да се однесува како возрасните луѓе.

Еднаш, додека летал над Сахара, неговиот авион се расипал и пилотот бил принуден да слета.

Неочекувано, пред него во пустината се појавило мало дете кое од него побарало да му нацрта овца.

Делото е замислено како книга за деца и редовно е проследена со илустрации кои ги направил самиот автор, но, со оглед на тоа што носи голем број идеалистички поенти за животот, често е едно од омилените дела за сите возрасти. Ако не сте ја прочитале, тогаш сте пропуштиле многу.

predlog-naslovi-od-poznatite-makedonci-koja-kniga-im-ostavila-najgolem-vpechatok-02.jpg 

Александар Спасов – Дац

„Бескрајна приказна“ – Михаил Енде

„Тоа е книга во која се спасува фантазијата која во последно време им фали на децата“ – вели Дац во Лексиконот.

Книгата ја раскажува приказната на Бастијан Балтазар Брукс кој бегајќи од децата од неговото училиште и влегува во антикварницата на господин Кореандер.

Бастијан го користи моментот додека Кореандер не гледа и краде книга, па се крие во таванот за да ја прочита.

Книгата е именувана „Бескрајна приказна“, а читајќи ја книгата и малиот Бастијан станува дел од неа. Тој дознава дека во земјата Фантазија живее детската кралица Каирон, која е многу болна.

Читајќи ја книгата, Бастијан сфаќа дека тој е детето што треба да ја спаси кралицата…

Одличен роман за детската фантазија, но и за тоа како книгите ни го менуваат светот во кој живееме.

predlog-naslovi-od-poznatite-makedonci-koja-kniga-im-ostavila-najgolem-vpechatok-03.jpg

Елена Ристеска

„Моќта на потсвеста“ – Џозеф Марфи

„Не можам да кажам дека ми е омилена, ама книга што ми смени премногу во погледите на животот е „Моќта на потсвеста“ од Џозеф Марфи, особено за тоа колку умот и визуализацијата се моќни кај секој од нас и сè што сакаме можеме да го оствариме, само треба детално да го замислиме, да го визуализираме и замислиме како слика и чувство и во одреден момент ќе се оствари баш така како што е замислено и посакано“ – рече Елена во Лексиконот.

За оние што не знаат, ова е книга објавена уште во 1963-та година, која има голем број техники и методи што може да ви помогнат да ги надминете стравовите, да спиете подобро, да имате подобри врски со луѓето и да бидете посреќни.

Според Марфи, тоа што ви се случува во животот е резултат на работењето на вашата свест и потсвест, а практичните техники што тој ги препорачува може да ви ја променат судбината.

predlog-naslovi-od-poznatite-makedonci-koja-kniga-im-ostavila-najgolem-vpechatok-04.jpg

Кире Лазаров

„Калуѓерот што го продаде своето Ферари“ – Робин Шарма

Книгата ја раскажува приказната за адвокатот Џулијан Ментлу кој се наоѓа во криза заради својот неизбалансиран живот.

Тој тргнува на пат низ Индија, каде ги учи античките техники, кои тие ги користеле за да ја дознаат тајната на животот.

Ова е книга која може да ви помогне да си го најдете својот правец во тешки времиња, ви дава одговори на прашањето: „која е целта на животот?“, „како да пронајдеме среќа и задоволство?“

Во основа ова е книга за самопомош, која е спакувана преку приказната за Џулијан, низ чијашто призма ние дознаваме голем број универзални вистини.

predlog-naslovi-od-poznatite-makedonci-koja-kniga-im-ostavila-najgolem-vpechatok-05.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

3 книги што ќе ви донесат духовно богатство (и мирен ум) Читате ли книги за самопомош и просветлување? Сакате ли да ги следите светските ...
3 романи за роматични души што ќе ве разнежнат пред Валентајн Во пресрет на Денот на вљубените, зошто да не прочитате еден, или можеби сите тр...
3 книги што не би ѝ дозволила на ќерка ми да ги чита (додека е тинејџерка) Кои 3 книги воопшто немаат наивна содржина и не би сакал да ги видам во мојот до...
3 книги што може да ги подарите за 8-ми Март Цветот ќе овене, добрата книга со посвета ќе остане спомен засекогаш. На вашите ...
3 одлични книги за самопомош, што ќе ви ги откријат тајните за поголем душевен мир Како да научите да се ослободите и да побегнете од перфекционистичките очекувања...
3 романи што (целосно) ќе ви го сменат погледот кон светот Работите не се такви како што изгледаат на интернет. Навидум невидливиот живот н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg