3 одлични книги за самопомош, што ќе ви ги откријат тајните за поголем душевен мир

Како да научите да се ослободите и да побегнете од перфекционистичките очекувања, како подобро да ја разберете анксиозноста, како да поставите здрави граници во животот?

3-odlichni-knigi-za-samopomosh-shto-kje-vi-gi-otkrijat-tajnite-za-pogolem-dusheven-mir-01.jpg

Овие три книги се одлични за да ви дадат насоки како да се справите со предизвиците со кои многумина од нас се соочуваат.

Погледнете кои три книги може да си ги набавите за да си обезбедите поголем душевен мир:

„Никому ништо не должите“ – Керолајн Гарнет Макгерс

Одлична книга за сите перфекционисти, работохоличари и за сите оние што се склони да им угодуваат на другите, а себе си да се ставаат на последното место.

Книга која истовремено е напишана како мемоар и книга за самопомош, а има за цел да ви помогне да се справите со чувството дека постојано нешто некому должите.

Ќе ве натера да сфатите дека основните работи на коишто ве учеле во детството не функционираат кога сте возрасни, туку ве ограничуваат и ве тераат да тргнете по патеката на постојано задоволување на туѓите потреби и очекувања.

Приказната која Керолајн ја споделува ќе ве натера да почнете работите да ги гледате од сосема поинаква перспектива и ќе ве научи како да се ослободите и да почнете да го живеете сопствениот живот без бремето што ви го наметнуваат очекувањата.

3-odlichni-knigi-za-samopomosh-shto-kje-vi-gi-otkrijat-tajnite-za-pogolem-dusheven-mir-03_1.jpg

„Не почна од тебе“ – Марк Волин

Книга во која авторот се труди да посочи дека голем број од менталните нарушувања, како депресија, анксиозност, хронична болка, фобија и опсесивни мисли не мора да бидат производ на нашите искуства и здравствени проблеми – туку се наследени од генерациите пред нас.

Книга која предизвика голем број поделени мислења кај читателската публика, затоа што предлага да најдете начин да им простите на токсичните родители …

Но, сè на сè, станува збор за одлична книга со голем број примери што може да ви помогнат да сфатите што ви се случува и како да си помогнете за да се справите со ваквите наследени нарушувања и како да го прекинете циклусот на наследените семејни трауми.

3-odlichni-knigi-za-samopomosh-shto-kje-vi-gi-otkrijat-tajnite-za-pogolem-dusheven-mir-02_1.jpg

„Поставете граници, пронајдете мир“ – Недра Гловер Таваб

Сите знаеме дека е неопходно да поставиме цврсти граници за да можеме да имаме поголем баланс во животот, да се справиме со токсичните луѓе и да уживате во комуникацијата и врските со блиските, партнерот и семејството.

Но, како можеме да кажеме „не“ без да ги навредиме луѓето?

Оваа книга ќе ве научи како себеси да се ставите на прво место и да престанете да ги задоволувате потребите на другите. Ќе сфатите дека резултатот од поставувањето на здравите граници вреди, иако во првите мигови најверојатно ќе ви биде тешко да научите како да ги одбивате луѓето околу себе.

3-odlichni-knigi-za-samopomosh-shto-kje-vi-gi-otkrijat-tajnite-za-pogolem-dusheven-mir-04_1.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Три книги за романтични души Постојат ликови во кои ќе се заљубите на прво читање и ќе ви бидат омилени уште ...
3 книги што не би ѝ дозволила на ќерка ми да ги чита (додека е тинејџерка) Кои 3 книги воопшто немаат наивна содржина и не би сакал да ги видам во мојот до...
3 книги што ќе ви донесат духовно богатство (и мирен ум) Читате ли книги за самопомош и просветлување? Сакате ли да ги следите светските ...
3 романи за роматични души што ќе ве разнежнат пред Валентајн Во пресрет на Денот на вљубените, зошто да не прочитате еден, или можеби сите тр...
4 книжевни предлози од македонските инстаграмџики Нашите инстаграмџики често знаат да се пофалат дека читаат одредени книги. Кои с...
3 книги што може да ги подарите за 8-ми Март Цветот ќе овене, добрата книга со посвета ќе остане спомен засекогаш. На вашите ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg